Еден
од принципите на кој се базира образовниот процес е почитувањето на
индивидуалните разлики на учениците во поглед на начинот на учење и брзината на
постигнување на резултатите. Овие разлики произлегуваат од различните
способности на учениците, нивните емоционални доживувања, различната мотивација
и заинтересираност, како и од специфичните услови и начинот на живот. Со цел
почитување на овие разлики, неопходно е наставата да се прилагоди на
индивидуалните карактеристики, потребите, како и заинтересираноста на ученикот.
Секој
ученик, со или без потешкотии во учењето, има свој стил на учење. Некои ученици
најдобро учат преку гледање или читање, други со слушање, а некои пак со
движење. Познато е дека на многу ученици со потешкотии во учењето потребни им
се експлицитни и интензивни објаснувања на стратегиите за учење. За да му помогнам на ученикот со потешкотии во учењето, прво
треба да го идентификувам неговиот примарен стил на учење. Дали тој учи преку
визуелен, аудитивен или кинестетички пат и врз основа на сознанијата на начинот
на кој се апсолвира наставниот материјал, ги определувам понатамошните фази во процесот на
постигнување оптимални резултати. Применувам
неколку различни стратегии во зависност од стилот на учење.
Насоки за учење кај различни ученици според
стилот на учење
Насоки за ученици со визуелен стил на учење:
•
Користам книги,
видеоматеријали, компјутери, визуелни помагала и флешкарти.
•
Правам детални, обоени
или означени белешки.
•
Правам главни црти, дијаграми или листи.
•
Користам
цртежи или илустрации (по можност во боја).
|
Насоки за ученици со
аудитивен стил на учење:
•
Читам белешки или наставни материјали на глас.
•
Користам здружени зборови или вербални повторувања за полесно запомнување.
•
Применувам учење
заедно со другите ученици.
•
Зборуваме за работите што не опкружуваат.
•
Ја слушаме содржината на книгата преку аудиоснимка.
|
Насоки за ученици со
кинестетички стил на учење:
•
Користам активно учење базирано на употреба на алатки, како на пр.игра на
улоги или градење според модел.
•
Учениците учат во мали групи и почесто правиме паузи за време на учењето.
•
Користиме
игри на меморија или флешкарти.
•
Учиме со музика во
позадина.
|
Процената на потребите на учениците со
потешкотии во учењето треба да опфати
три аспекти – потешкотии, отстапувања и разлики, како и нивната поврзаност со
училишната средина и наставната програма.
При работата со учениците со
посебни образовни потреби посветувам
посебно внимание на: комуникацијата со ученикот, социјалната поддршка, опкружувањето
и неговите дневни рутини, претставувањето на содржините, процената и правилата.
Во комуникацијата со
ученикот со посебни образовни сум:
• трпелива;
• конкретна и избегнувам нејасни и неодредени термини во
комуникацијата;
• избегнувам зборови со двосмислени значења;
• одговарам позитивно на секој обид на ученикот
преку потврда и охрабрување;
• ја надградувам
комуникацијата со ученикот;
• ја охрабрувам
неговата способност за комуникација секогаш кога имам можност за тоа.
Претставувањето на содржините максимално го прилагодувам според потребите на учениците со
посебни образовни потреби. Тоа подразбира:
• претставување на
содржините на поочигледен начин: покажување, пишување, демонстрирање, користење
фотографии, слики, дијаграми, објекти од опкружувањето, календари, мапи, карти,
аудио и видео материјали;
• поделба на инструкциите во
мали чекори;
• создавање можности за
повторување и вежбање;
• примена на учење во реални
ситуации.
Правилната процена на
тежината на содржините, како и правилниот пристап, во голема мера може да го
олесни нивното совладување, а тоа значи:
• прилагодување на тежината
на задачите;
• прилагодување на обликот
на прашањата;
• нудење алтернативни
активности;
• доследност во очекувањата;
• вежбање на формулацијата
на прашањата, пред тестирањето;
• да се обезбеди доволно
време.
Цели
и параметри на прилагодување на програмата
Прилагодувањето на
наставната програма се прави со цел:
• подобрување на
самостојноста на ученикот;
• зголемување на можноста за
вклучување во заедницата;
• подготвување на ученикот
за идната работа;
• помош на транзиција за
живот како возрасен.
Оценување и вреднување на знаењата
Во
недостаток на законски регулативи и образовни стандарди, треба да се настојува
оценувањето да биде корисно. За да биде корисно, тоа мора да биде планирано со
цел да биде: изводливо, разновидно, достапно и максимално објективно. Процесот
на постигнување на целите треба да се вреднува според тоа каква е практичната
вредност на информацијата која се продуцира и каква е примената на стекнатите
информации во секојдневната практика.