Wednesday, November 28, 2018

Тематски планирања за прва година - септември


1.1  Наслов на тематската целина: НАУКА ЗА ЈАЗИКОТ
1.2  Наставен предмет:македонски јазик и литература
1.3  Учебна година:2018/2019

Реден
број
Структура на тематската целина
Време на реализација
1.
Говорна вежба
03.09.2018
2.
Комуникација – видови
06.09.2018
3.
Јазикот како систем од знаци
07.09.2018
4.
Природен наспроти вештачки јазик, стандарден наспроти дијалектичен јазик
10.09.2018
5.
Утврдување со вежби
13.09.2018
6.
Јазикот наспроти говорот, Говорот наспроти писмото
14.09.2018
7.
Граматички вежби – комуникации
17.09.2018
8.
Тематско утврдување (тест)
20.09.2018

1.    Цел на тематската целина
-       Ученикот да се запознае со историските факти за појавата на глаголицата и кирилицата,
-       Се здобива со знаење од општествено-историски услови за појава на словенската писменост,
-       Да ги сфати разликите во видовите комуникација (сигнална, симболичка, вербална и невербална, еднонасочна и заемна),
-       Да го сфати поимот знак во вербалниот код,
-       Да ги разбира функциите и елементите на комуникацискиот однос,
-       Да ја осознава разликата меѓу природен и вештачки јазик,
-       Да ја согледа народната основа на стандардниот македонски јазик,
-       Да ги усвои разликите меѓу јазикот и говорот.
2.    Услови за работа
-       Македонски јазик и литература
-       Печатени материјали со различна дијалектна основа
-       Power point презентации
-       Интернет
3.    Средства и постапки за вреднување
-       Повторување, анализа, одделување на успешно (неуспешно) спроведена комуникација,
-       Читање текстови, спроведена комуникација,
-       Реферат – недостатоците и предностите на (пишаниот) говорниот текст.



No comments:

Post a Comment