Thursday, April 21, 2016

ПРАВИЛА ЗА ДОБРА ДЕБАТА

Дебатата трае 25 минути. Времето и редоследот се строго одредени и не се
дозволени пречекорувања. За непочитување на правилата се даваат негативни
поени коишто на крајот се одземаат од поените за тимот, што значи дека во
одредени случаи може да имаат пресудна улога во одредување на победникот. За
полесно следење на редоследот на говорење користени се кратенките:
• 1 Г. = прв говорник, 2 Г. = втор говорник, 3 Г. = трет говорник
• АТ = афирмативен тим, НТ = негативен тим

1.Водител
1 минута
Ја поздравува публиката, тимовите и судиите и ја наведува
темата за дебата: „Денешната дебата треба да го потврди
или одрече тврдењето....“
2.1 Г.
АТ
3 минути
Ја интерпретира (објаснува) темата од гледна точка на
Афирмативниот тим, ја запознава публиката со основиот
аргумент за одбрана на својата страна и ја предупредува
публиката што противничкиот тим ќе сака да постигне: „Ние
ќе ви докажеме дека нашиот став е исправен.... Тие ќе се
обидат да ве разубедат, да ве натераат да не ни верувате
и да мислите дека зборуваме глупости...“, ги наведува
најдобро наведените и најубедливите аргументи ЗА
тврдењето
3. 1 Г.
НТ
3 минути
Се сложува или го одбива објаснувањето на темата од 1 Г.
на АТ, ја дефинира на свој начин темата и ги напаѓа
позицијата и главниот аргумент на АТ, се обидува да ја
убеди публиката во исправноста на својата позиција. Се
обидува да ги побие наведените аргументи и факти на
најдобар можен начин и да даде основи аргументи ПРОТИВ
тврдењето (темата).
4. 2 Г.
АТ
3 минути
Ги побива аргументите наведени од 1 Г. на НТ и наведува
нови 3-6 аргументи ЗА тврдењето за да ја подобри или
засили позицијата на АТ (аргументите не смеат да бидат
истите како 1 Г. АТ)
5. 2 Г.
НТ
3 минути
Ги побива аргументите наведени од 2 Г. на АТ и наведува
нови 3-6 аргументи за да ја подобри или засили позицијата
на НТ (аргументите не смеат да бидат истите како 1 Г. НТ)
6. 3 Г.
АТ
3 минути
Ги побива аргументите наведени од 2 Г. на НТ и наведува
1-2 нови аргументи за да ја подобри или засили позицијата
на АТ (Аргументите не смеат да бидат истите како 1 Г. и 2 Г.
АТ)
7. 3 Г.
НТ
3 минути
Ги побива аргументите наведени од 3 Г. на АТ и наведува
1-2 нови аргументи за да ја подобри или засили позицијата
на АТ (Аргументите не смеат да бидат истите како 1 Г. и 2 Г.
НТ)
8. 1 Г.
АТ
1 мин. и 30 секунди
Право на реплика, НЕ наведува нови аргументи!!! Завршен
збор (како во судница):
- Последно побивање на противничките аргументи;
- Објасни зошто НТ не треба да победи;
- Повторување на позицијата на АТ и зошто АТ треба да
победи.
9. 1 Г.
НТ
1 мин. и 30 секунди
Право на реплика, НЕ наведува нови аргументи!!! Завршен
збор (како во судница):
- Последно побивање на противничките аргументи;
- Објасни зошто АТ не треба да победи;
- Повторување на позицијата на НТ и зошто НТ треба да
победи.

No comments:

Post a Comment