Формалната дебата е организирано аргументирање со натпреварувачки
карактер. Формалната дебата се оценува од назначени оценувачи (судии) според
однапред одредени критериуми, коишто на крајот одредуваат која страна-учесник
во дебатата е победник, а која губитник.
Улоги на учесниците во формалната дебата:
• Водител: Лицето што ги претставува тимовите, темата, ги
објаснува и се грижи за почитување на правилата (редослед, време,
збор итн.).
• Судии: оценувачи коишто за секој говорник (членовите на
тимовите) доделуваат поени врз основа на тоа што кажуваат
(содржина), како го кажуваат тоа (презентација) и колку добро го
побиваат противникот (побиени аргументи). На крајот на дебатата,
поединечните поените од судиите се собираат и на тој начин се
одредува победничкиот тим во дебатата.
• Афирмативен тим: Тим составен од ТРИ члена коишто сметаат
дека тврдењето (темата) е точно. ЗА
• Негативен тим: Тим составен од ТРИ члена коишто сметаат дека
тврдењето (темата) не е точно. ПРОТИВ
• Публика: Тоа се сите друти присутни лица коишто двата тима се
обидуваат да ги убедат дека нивното видување (позитивно или
негативно) е исправното.
ЧЕКОР 2 - ТИМОВИ
Изборот на членовите за тимовите треба да се направат внимателно. Секој
тим има по ТРИ члена. На првата дебата тимовите самите ќе одредат дали се
Афирмативен или Негативен, но на следните дебати, водителот ќе одредува дали
тимот ќе биде афирмативен или негативен. Затоа е најдобро членовите на тимот
да собираат аргументи и ЗА и ПРОТИВ тврдењето зададено со темата.
Членовите во тимот треба да имаат низа од квалитети и способности. Затоа
не е добро членовите од тимот да се одбираат затоа што се најдобри другари или
сл.
Првиот говорник мора да биде организиран, добар говорник и да
објаснува добро. Тој го дава тонот на целата дебата. Ако му недостасуваат
овие карактеристики, публиката може да не разбере кој е основниот став
на тимот и за што се работи. Тој раководи со работата на тимот, па затоа е
добро да има авторитет пред другите и да биде почитуван.
Вториот говорник треба да умее убедливо и логично да ги изнесува
ставовоте и аргументите на својот тим, да умее да ја истражи добро и
позитивната и негативната страна на тврдењето за да може да ги предвиди
аргументите на противничкиот тим.
Тртетиот говорник треба да умее брзо и досетливо да размислува,
да импровизира и да реагира во точниот момент, доколку треба да се
раздвижи или да се побие одреден аргумент, или пак, да се даде заклучок.
Тој најчесто со писменца за време на дебатата им посочува членовите од
сопствениот тим информации или податоци со коишто можат да го побијат
противничкиот аргумент.
ЧЕКОР 3 - ПАРИЧКА (не важи за првата дебата)
Тимовите се среќаваат на неутрална територија и со фрлање паричка се
решава дали ќе бидат Афирмативен или Негативен тим. Се одредува времето за
дебатата коешто не може да биде пократко од 1 и подолго од 2 недели.
ЗАПАМЕТЕТЕ: Добрата дебата се базира на добри аргументи и убедливост
на тимовите, а не на личните чувства на членовите, затоа добрата подготовката за
дебата значи да бараат аргументи и за ДВЕТЕ страни подеднакво!
ЧЕКОР 4 - ПЛАНИРАЊЕ, ПОДГОТОВКА И СТРАТЕГИЈА
Тимовите ќе имаат не помалку од 1 недела и не повеќе од 2 недели (7-14
дена) за подготовка. Треба да ги запишат своите аргументи и да ги научат за да
можат успешно да ги одбранат од нападот на противничкиот тим. За време на
дебатата, смеат да употребуваат мали картички како потсетници или за писменца
до говорникот којшто има збор (за да му посочат или потшепнат нешто, никако
усно или со упаѓање во збор зашто тоа се казнува). Сепак, според критериумите,
тимовите што помалку користат вакви картички добиваат повеќе поени.
Целта на дебатата е да ги поставите своите аргументи (како тим) толку
силно и убедливо, што противничкиот тим нема да може да ги побие, а во исто
време, да се обидете се да ги побиете и срушите аргументите на противничкиот
тим.
ЧЕКОР 5 - ДЕБАТАТА
За време на дебатата секој член на тимовите зборува со ред (за правилата
погледни во документот наречен ПРАВИЛА НА ДЕБАТАТА). Со оглед на тоа што
времето и редоследот за секој говорник се строго ограничени, препорачливо е да
се држите строго до аргументите на јасен начин и накратко. За време на
сопственото излагање, ќе слушнете „пола“ и „30 секунди“ и „крај“ како потсетување
за времето што го има говорникот. Потоа зборот му се дава на следниот говорник
(од противничкиот тим) дури и ако првиот не ја завршил својата реченица. Додека еден говорник зборува, ниту членовите од неговиот тим ниту од противничкиот тим
не смеат да зборуваат. Своите забелешки, коментари, против-аргументи и сл.
треба да ги запишат на лист и да го дадат листот на следниот говорник од својот
тим којшто со тие записи би можел да ги побие аргументите на противникот.
Добар дел од дебатата е да се побијат и срушат аргументите на
противничкиот тим, затоа е важно себе си да си ги поставите следниве прашања со
секој наведен аргумент од противничкиот тим:
• Што е грешно со овој факт?
• Како да го направам противничкиот аргументот да звучи лошо? (без да си
помислат сите дека сум побудалел)
• Што заборавија да кажат за овој аргумент? (нешто лошо што произлегува)
• Што можам да кажам за нивниот аргумент да звучи несериозен, како
приказна за мали деца?
• Што да направам за публиката да не им верува на пртивничкиот тим?
ЧЕКОР 6 - ОЦЕНУВАЊЕ
Оценете се самите себе си (поединечно и како тим) колку успешно ги
презентиравте своите аргументи. Бидете искрени и детални, наведете ги своите
добри и лоши аргументи/моменти и што би промениле (кога би можеле да ја
изведете дебатата одново). Ова ќе ви помогне во идните дебати.

No comments:
Post a Comment