Thursday, April 21, 2016

Самооценување

Сега кога дебатата заврши, важно е да се самооцениш и да размислиш што би направиле поинаку следниот пат. На овој лист напиши свои кратки белешки, а потоа направи краток извештај. Наведи и дискутирај за своето учество, но и за учеството на другите членови на твојот тим.
Обиди се
  • Да напишеш барем две страни од А4 лист.
  • Да бидеш искрен и конкретен.
  • Да бидеш објективен во оценувањето.
  • Да бидеш подобар следниот пат.
 За Тимот:
Прв говорник:
__________________________________________________
Втор говорник:
__________________________________________________
Трет говорник:
_________________________________________________

 Зошто решивме да зборуваме по овој редослед? (на пр, фрлавме паричка, се обидовме да ги искористиме своите силни карактеристики и сл.)
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________

За Tемата:
На која тема беше дебатата?
_________________________________________________________
Афирмативен / Негативен?
__________________________________________________________
Дали тоа го сакавме?
______________________________________________________________
Дали тоа ни зададе проблеми?
______________________________________________________
Како ги надминавме?
___________________________________________________________
__________________________________________________________________________________

За Планирањето и подготовката:
Како си ја поделивме работата?
______________________________________________________
_________________________________________________________________________________
Како го искористивме времето? (на пр; добро, брзавме како луди, сѐ оставивме за последен момент, бевме готови за 2 дена а другите се одмаравме, вежбавме пред огледало и сл.)
_____________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________

 Како го искористивме времето за планирање и подготовка? (на пр.: не знаевме од каде да почнеме, седевме и се расправавме, уште првиот ден направивме стратегија, поделивме задолженија, потоа истражувавме и за 2 дена се сретнавме и ги договоривме аргументите и објаснувањата и сл.)
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
Што можевме да направиме за да се подготвиме подобро?
______________________________
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________


За дебатата:
Датум и место:
____________________________________________________________________
Наши противнци беа:
_______________________________________________________________
Публиката беше:
___________________________________________________________________
Што ЈАС направив добро:
____________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
Што би направил поинаку следниот пат:
______________________________________________
_________________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________________
Што МОЈОТ ТИМ направи добро:
_____________________________________________________
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
Што би направиле поинаку следниот пат:
_____________________________________________
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
Што ПРОТИВНИЧКИОТ ТИМ направи добро:
___________________________________________
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
Мислам дека најдобар говорник беше:
______________________________
(независно од тоа во кој тим беше)


Заклучок:
Што научив за себе?
За време на оваа задача ти планираше, се подготвување, правеше стратегии, дебатираше самостојно и во состав на твојот тим, размислуваше на брзина и во од. За ова се потребни
посебна способности и вештини.
Што научи за себе?
Дали уживав во темата и во дебатата?
_________________________________________________
Каков член на тим сум јас? (на пр.: се правам важен, доминантен, тивок, се плашам да кажам, ги смирувам другите, постојано противречам и сл.)
____________________________________________________________________________________________________
Дали сум добар во планирање?
___________________________________________________
Дали сум добар во истражување?
____________________________________________________
Дали сум досетлив?
______________________________________________________
Мои дополнителни забелешки и коментари:









Судиско оценување




Тема:
(како што е
наведена)

Водител
Судија



Афирмативен
тим
Вкупно поени:

Негативен
тим
Вкупно поени:


говорник
содржина
презентација
Побиени аргументи
вкупно
Негативни поени

говорник
содржина
презентација
Побиени аргументи
вкупно
Негативни поени
1.

/40
/30
/30
/100
/-10
1.

/40
/30
/30
/100
/-10
2.

/40
/30
/30
/100
/-10
2.

/40
/30
/30
/100
/-10
3.

/40
/30
/30
/100
/-10
3.

/40
/30
/30
/100
/-10
реплика

/10
/20
/20
/50
/-10
реплика

/10
/20
/20
/50
/-10
Вкупно тимски поени
/130
/110
/110
/350
/-40
Вкупно тимски поени
/130
/110
/110
/350
/-40
Коментар:





Коментар:

















Победници



Најдобар говорник
1 Г.
2Г.
3Г.

Што претставува дебатата и зошто треба да се применува?



Што е дебата?

Дебатата е нешто со коешто секојдневно се среќаваме и коешто ни е познато на сите. Дебата гледаме на
телевизија, во училиштата и факултетите, во нашите домови. Во училиштата се водат бројни дискусии за
различни теми, посебно на часовите по општествените и хуманите науки. На телевизиските програми и
на останатите медиуми често сме сведоци на дебати за политички и економски теми, теми од областа на
заштитата на животната средина, спортот или културата. Се дебатира дури и во нашите домови или во
круговите на пријателите. Така, особено по крајот на училишната година чести се дебатите со другарите за начинот на којшто ќе го поминете летниот распут, дали ќе летувате, каде ќе летувате. Дебатите и дискусиите се застапени во секојдневниот живот и во рамките на семејствата, па често се дискутира за износот на „џепарлакот“, за вечерните излегувања, за изборот на училиште, за последиците од конзумирањето алкохолни пијалаци и за многу други теми кои се во доменот на интерес на младиот човек и на неговите родители.


Меѓутоа, значењето на поимот дебата објаснет и применет овде се разликува од поимот дебата којшто го употребуваме во секојдневните активности. За овие активности со кои се среќаваме секојдневно повеќе прилегаат термините дискусии, расправии, полемики, коментари и слично. Дебатата како едукативен метод и како организирана активност има неколку обележја коишто не се карактеристични за секојдневните разговори.
  • Дебатата е организирана дискусија. За разлика од секојдневните дискусии коисе стихијни, неорганизирани и непланирани, дебатата како едукативна активност секарактеризира со организираност. Кај дебатите се знае темата за којашто се дискутира,дебатерите се поделени во тимови со определен број на членови, познато е времетраењетои редоследот на говорите на сите говорници, начинот на излагањето и многу други работи. Едноставно кај дебатата постојат правила кои мора да се почитуваат. Доколку не сепочитуваат, тогаш активноста не би се викала дебата, туку би била дискусија, расправа или нешто друго.
  • Дебатата е аргументирана дискусија. Ова значи дека дебатата се базира на осмислении поткрепени тврдења и аргументи. На пример, доколку сте дебатер и дискутирате со вашите родители дали смеете да го возите нивниот автомобил за вечерно излегување (се разбира, претпоставуваме дека сте полнолетни), тогаш ќе знаете дека не е доволно само да кажете и да побарате што ви треба, туку дека ќе треба аргуметирано да разговарате за оваа тема. Образложете им ги причините (аргументите) зошто треба да ви го дадат автомобилот. На пример, доколку тврдите дека треба да ви дозволат да го земете бидејќи сте одговорни и возрасни личности, тогаш посочете им неколку ситуации во коишто сте се однесувале така. Аргументираната дискусија носи поголема корист од неорганизираната кавга.
  • Дебатата е поврзана со конфликти. Во ова тврдење лежи суштината на дебатирањето. Доколку не би постоеле конфликти, не би постоеле ни дебатите, ни дискусиите, ни полемиките. Дебатата претставува реакција на некоја промена којашто предизвикува конфликт. Промените значат измена на постојната ситуација, а дебатите се механизмот преку кој се соочуваме со промените, ја испитуваме оправданоста од нив или даваме предлози како да ги решиме проблемите кои ги создаваат. Прашањата што предизвикуваат конфликт на идеи и ставови, се поставуваат како теми, односно тези за дебатирање. Тезите претставуваат дискутабилни и актуелни прашања за коишто постојат објективни аргументи „за“ и „против“. Тимовите што дебатираат заземаат спротивставени ставови по однос на тезата и настојуваат да го потврдат и да го докажат нивниот став. И за овие важни елементи на дебатата ќе биде посветено посебно внимание во прирачникот.
Значи, дебатата е аргументирана организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни.

Зошто дебата?

Одговорот на ова прашање не е ни најмалку едноставен. Постојат многу мотиви поради кои луѓето
дебатираат, односно постојат уште повеќе причини поради кои луѓето би требало да дебатираат. Доколку ги земеме предвид искуствата на лицата кои на некоj начин биле поврзани со дебата, можеме да ги издвоиме следниве најважни причини зошто е добро да станеш дебатер.

Дебатата е забавна. Преку дебата имаш можност да запознаеш нови луѓе. Преку дебатата имаш можност да соработуваш и да комуницираш со различни луѓе. Дебатата нуди можност за ширење познанства и создавање пријателства во дебатните клубови. Со посета на дебатните турнири и настани ќе патуваш, ќе запознаваш нови култури и нации, ќе бидеш сведок на различни традиции и обичаи.

Дебатата е вежба за умот и за говорот. Дебатирањето многу често наликува на некој спорт. Како што спортистите се подготвуваат за учество на спортските настани, така и дебатерите се подготвуваат за учество на дебатните турнири и настани. Како што на спортските натпревари тимовите се натпреваруваат за да победат, така и дебатерите се натпреваруваат да победат во дебатата. Но, постои и разлика. Дебатата е за сите и секој може да биде дебатер, односно со доволно труд да биде добар дебатер. Доколку во кошарката се бара играчите генерално да бидат високи, во атлетиката брзи, а во боксот силни, дебатерите не можете да ги познаете и да ги генерализирате по некои вакви надворешни карактериситики. Исто така, дебатерите не мора да бидат само ученици со високи оценки или лица што сакаат да го искажуваат своето мислење пред другите. Едноставно, секој кој има желба за учење и за развивање на овие способности, како и упорност и истрајност во работата, може да биде дебатер. Суштината на дебатата е дека таа е вежба. Со дебатата го вежбате умот, како и вашиот говор и начин на изразување. Затоа, не мора да бидете посебно талентиран или да поседувате некои посебни способности за да бидете дел од дебатерското општество во светот. Доволна е само силна волја и желба за учење. Со нив и со доволна посветеност можете лесно да ги совладате дебатните техники за критично размислување, јавно говорење, истражување, презентација и многу други.

Ти ја контролираш дебатата. Едноставно, дебатата ти дава слобода за одлучување. Овде нема кој да ти наложи за што да дебатираш, кои аргументи ќе ги употребиш, која стратегија ќе ја користиш, како ќе се спротивставиш на зборот на противникот. Овде ти си главен бидејќи ти си тој што зборува. Младите луѓе во многу случаи се ограничени при изборот на нештата што ги сакаат, односно што не ги сакаат. На училиште мора да учите предмети кои не ви се допаѓаат, мора да носите униформи кои не се совпаѓаат со вашиот стил на облекување, мора да станувате секој ден наутро за да не го пропуштите првиот час и ред други работи
кои не ви се допаѓаат. Меѓутоа, во светот на дебатата вашиот одговор и избор зависи од вас и од вашата креативност. Дебатата е активност во којашто твојот избор и успех зависат исклучиво од тебе.

Дебатата развива вештини кои се неопходни за успех. Кога завршувате со образованието и се вклучувате во работната сила, треба да бидете свесни дека некои карактеристики и вештини се посебно барани и ценети. Способноста за комуникација, посебно усната комуникација е неопходна за успех во современи динамични услови на живеење. Понатаму, способноста за критичко размислување и брзо лоцирање на проблемите е друга често барана вештина од страна на современите организации. Аналитичкиот пристап, способноста и методологијата на истражување, исто така, се посебно ценети. За успехот на општествената скала, во услови на динамичен свет, чијашто главна карактеристика се промените, посебно се важни и презентациските способности, начинот на говорењето, убедливоста при презентацијата, владеењето на говорот на телото и многу други слични вештини. Сите овие вештини можат да се развијат и да се подобрат преку дебатирање. Затоа, можеме да кажеме дека дебатата е таква активност којашто развива способности и вештини што се користат и помагаат да бидете успешни во различни области.

Дебатата ви дава моќ да ги менувате работите. Кога дебатирате, имате многу можности. Можете да дебатирате со вашите родители за изборот на вашето училиште, местата на излегување или времето до кое имате „излез“. Со професорите од училиштето можете да дискутирате за наставната програма, кои предмети би сакале да ги слушате, за времетраењето на часовите. Преку дебатата можете да им ставите на знаење на локалните власти дека ви пречи нехигиената во градот, дека сакате повеќе места за активности од културата, дека имате потреба од нови спортски сали. Дебатата ви дава моќ. Моќ да ги лоцирате проблемите, да ги разберете причините поради кои тие постојат и моќ да ги решавате. Дебатата ви дава моќ да ги менувате работите. За младиот човек тоа значи моќ активно да ја креира и да одлучува за својата иднина.

Дебатата ги побива антиинтелектуалните стереотипи. Стеретотипите се претставени со мислењето дека дебатата е здодевна, неатрактивна активност. „Здодевно е да бидеш дебатер“, „дебатата е зборување во празно“, „дебатерите се бубалици“, се чести изјави во речникот на младите, поврзани со оваа тема. Но, доколку се погледне назад во историјата, ќе забележиме дека голем број лица кои оставиле свој белег и кои ги побиваат антиинтелектуалените стереотипи, во својот живот биле дебатери. Дел од нив се: Џон Кенеди, Кофи Анан, Принцезата Дајана, Борис Трајковски, луѓе кои се забележани и запаметени од многу генерации. Затоа, погрешно е на дебатата да се гледа како активност која не е „кул“, туку како на активност која ги развива и ги негува интелектуалните капацитети. Користа од дебатирањето ја уживаат индивидуите, општеството и глобалниот систем во целина. Развивајќи ги способностите на критичко размислување, комуникативност, истражување и тимска работа, младите луѓе развиваат вештини коишто им помагаат во извршувањето на нивните обврски во училиштата, на работните места, во неформалните групи и како граѓани на демократски општества.