Романот во стихови “Евгениј Онегин” е дело во кој поетот ја влејал сета своја страст, своето животно и творечко искуство. Построен е врз мошне напната и впечатлива перипетија и сложени односи, конфликти и спротивни карактерни особености.
Централните ликови, Евгениј Онегин и Татјана Ларина се личности со неспоив карактер. Онегин е типичен претставник на монденските кругови од своето општество кој во детството добил површно и несистематско образование. На деветнаесет години станал сопственик на голем имот. Онегин е човек без визии за животот и незаинтересиран за крепосните селани на својот имот. Сиот свој интерес го насочил кон поканите за ручеци, вечери, балови и забави.Овој површен млад човек целосно се оддава на навиките на пороците, ги покажува својствата на необична личност. Човекот без емоции грубо ја отфрла љубовта на идеалната и поетична селска девојка Татјана. Каприциозно се поигрува со нејзината сестра и го убива човекот што искрено ја сака.
Наспроти него, Татјана е типичен претставник на руска жена, со цврст, монолитен
и единствен карактер.Во неа нема колебања, со своите ставови стои цврсто
на земјата.Нејзината природа е силна и длабока. Нејзе и е туѓо лошото
однесување. Таа силно и со непосредна спонтаност ги искажува љубовните
чувства кон Онегин. Нејзината длабочина ја прави поумна од него. Нејзиниот
благороден инстинкт ја води напред, а ја сопира кога треба. Не се променила ни
во изменетите животни околности. Ги зачувала својствата на поетична
и силна природа кои ја красеа и како селска девојка и како отмена дама од
високото друштво. Не се променил ниту нејзиниот однос кон љубовта, која за неа
е основен извор на среќата и несреќата.Тоа свето чувство во најголема мера го
определува карактерот на Татјана и по основ на него таа не бара
компромиси. За неа во љубовта нема средина. Иако му признава на Онегин дека
сеуште го сака смело му соопштува дека не верува во трајноста на неговите
чувства.
Пушкин во својата бесмртна и недостижна поема преку
својот јунак Онегин паралелно ни ја изнесе историската судбина на рускиот
човек-скитник и неоспорната убавина во личноста на руската жена.
No comments:
Post a Comment