За Каролина Ламб (девојката која морал да ја напушти поради притисок од нејзината мајка)
Август, 1812 година
Моја најмила Каролина,
Твоето постоење му даде смисла на мојот живот. Сите убави зборови се сокриени во твоето име. Но ете мора да престане нашата љубов, нашата кратка среќа.
Солзите што ги виде на моето лице се мал сведок дека јас не можам да се разделам од тебе. Ти си мојата љубов. Како што се доближуваш до мене, така јас се понервозен станувам. Ме боли секј дел од телото. Немам доказ кој ќе ти ги покаже моите искрени чувства кон тебе, мораш да ми веруваш на зборовите.
Бог е сведок дека ти посакувам среќа со твојот сопруг. Ти давам завет дека ќе ја сокријам мојата љубов кон тебе. Нема никој да знае дека ти си најсветото нешто за мене. Со ниеден збор ни дело не ќе ја нарушам твојата среќа.
Никогаш досега не можев да го замислам лудилото кое се чувствува кога умира една љубов, страдањето кое не се опишува со зборови, меланхолијата во мене, гордоста која не ми дава да молам пред твојата врата, страдањето во кое ме фрли.
Но мора да престане оваа апсурдна љубовна приказна. За таа цел жртвувам премногу среќа во мојот живот, многу повеќе отколку што може да се замисли.
Ветувам дека љубовта кон тебе ќе стане минато, нема повеќе да си мотив за секое мое дело, моето срце нема повеќе да е твоја сопственост. Само Бог нека те заштити и благослови, иако не си покрај мене.
Те сакам, Бајрон
П.С. Моја најмила Каролина, зарем ќе ја заборавам среќата со тебе? Љубовта која ме правеше да се чувствувам ниту на земја, ниту на небо. Сепак, твојата мајка го скрши мојот лет, знај го тоа...