„Животот има свои услови. За да биде човек прифатен
меѓу образованите луѓе, мора да биде културен“, порачува во едно писмо рускиот
писател Антон Павлович Чехов на својот помлад брат, составувајќи список на
услови кои ги исполнуваат културните луѓе:
1. Тие ја почитуваат човековата личност и за тоа се секогаш
љубезни, внимателни, учтиви и подготвени да прават за другите.
2. Сочувствителни се кон секого, не само кон питачите и мачките. Се грижат и за она што не се гледа, и се подготвени да се жртвуваат за да им помогнат на другите.
3. Ја почитуваат туѓата сопственост, и затоа ги враќаат своите долгови.
4. Искрени си и ја презираат лагата. Не лажат дури ниту кога се ситници во прашање. Лагата го навредува слушателот и го понижува во очите на соговорникот. Не позираат, се однесуваат исто и на улица и во својот дом, не се прават важни пред своите поскромни пријатели. Не се склони кон зборување безсмислици ниту ги оптоваруваат другите со своите со ништо предизвикани исповеди. Од почит кон туѓите уши повеќе молчат отколку што зборуваат.
5. Не се понижуваат себеси за да предизвикаат сожалување. Не играат на карта на туѓата чувствителност за да освојат внимание. Не велат „Мене никој не ме разбира“ или „На никого не му е грижа за мене“, затоа што тоа се евтини и вулгарни трикови.
6. Не страдаат од плитка суета. Не се грижат за лажните вредности, не им придаваат значење, познанствата со познати личности или за тоа самите да бидат познати. Ако направиле нешто значајно, не прават од тоа најважна работа на светот, и не се фалат со тоа дека имаат пристап таму каде што другите немаат. Навистина талентираните луѓе секогаш бегаат од рекламирање и од публика.
7. Ако имаат некој дар, го почитуваат. Поради него жртвуваат одмор, романси, забава, суета. Горди се на двојот дар, но и многу му се посветени.
8. Имаат развиено чувство за убаво, естетско. Не одат на спиење во облека, ја одржуваат чистотата на животниот простор. Многу водат сметка да ги контролираат своите нагони и во спротивниот пол не гледаат само сексуален објект. Се стремаат кон оригиналност, отменост, човечност, им се воодушевуваат на мајчинските чувства. Не се опиваат туку пијат алкохол само во посебни прилики, бидејќи сметаат дека не се свињи. Се држат до начелото mens sana in corpore sano – во здраво тело здрав дух.
Така изгледаат културните луѓе. За да биде човек културен не е доволно да чита популарни романи и да посетува театар. Тој мора постојано, деноноќно да работи на себе, да чита, учи, да се труди... и веднаш да ја отфрли суетата, бидејќи секој изгубен час се смета, го завршува своето писмо Чехов.

Подготви: К. А.
No comments:
Post a Comment