Friday, April 16, 2021

Нешто лично

                 Преживувам

                  Живеам      во време - невреме

Преживувам

   Живеам      во време кога глумиме живот

Кога одиме на работа чисто да се преброиме -

- колкумина останавме за следниот круг?


Кога децата се раѓаат - казнети за грев кој не го сториле

кога училиштата се празни - болниците полни

...гробиштата преполни


Кога брат на брата си му е волк


Кога црквите и џамиите водат налудничав натпревар

кој повеќе ќе најави - упокојувања на душите


вчера триесет, денес педесет, утре -


Бог да ги прости!

Бог да НИ прости!

Monday, October 12, 2020

Тематски за мај и јуни - турски паралелки

 

ТЕМАТСКИ ПЛАН

 

Училиште и општина: СЕОУ ГОСТИВАР – ГОСТИВАР

Наставен предмет: Македонски јазик и литература

Година: III

Тема: Писмена комуникација

Медиумска комуникација

За паралелките на турски наставен јазик

 

Ред.бр.

Структура на темата

Време на реализација

1

Биографија

11.5.2020

2

Соопштение

12.05.2020

3

Вест

18.05.2020

4

Лектира по избор

19.05.2020

 5

Анализа на ликовите

25.05.2020

6.

Коментар

26.05.2020

7.

Дебата

1.6.2020

8.

Видови дебати

2.6.2020

9.

Утврдување на знаењата

8.06.2020

10.

Сведување на годишни оценки

9.06.2020

 

Ø  Цели на темата:

-Ги воочува одликите на писмениот израз и неговата важност во современата лична и деловна комуникација

-Да може да напише соопштение и вест

-Да развие способност за дебатирање и почитување на правила при дебатирањето

-Соработка

-Комуникација,решавање проблеми и донесување одлука.

-Самооценување

-Критичко размислување

 

Ø  Услови за работа:

 

-хамер,

-хартија,

-табла,

-соодветни книги,

-маркери.

 

Ø  Корелација(внатрешна и надворешна):

-Внатрешна корелација со подрачјето јазик и подрачјето литература и лектира.

-Надворешна корелација со мајчиниот јазик, со странските јазици, информатика и др.

 

Ø  Средства и постапки за вреднување:

-Соработка и комуникација во групата

-Активност

-Квалитет и квантитет на стекнатите знаења

-Начин на презентација на стекнатите знаења(рекламни пораки,извештај)

 

 

Ø  Забелешки од реализација на темата:

 

 

 

 

Тематски за април - турски паралелки

 

ТЕМАТСКИ ПЛАН

 

Училиште и општина: СЕОУ ГОСТИВАР – ГОСТИВАР

Наставен предмет: Македонски јазик и литература

Година: III

Тема: Македонската литература по Втората светска војна

За паралелките на турски наставен јазик

 

Ред.бр.

Структура на темата

Време на реализација

1

Вежби за пронаоѓање и составување на независносложени реченици

6.4.2020

2

Утврдување на знаењата за синтакса

7.4.2020

3

Коле Чашуле-живот и дејност

13.4.2020

4

Анализа на драмата :Црнила

14.4.2020

5

Анализа на главните ликови

20.4.2020

6.

Утврдување на знаењата за Коле Чашуле

21.4.2020

7.

Матеја Матевски-живот и дејност

27.4.2020

8.

Анализа на песната:Перуника

28.4.2020

9.

Анализа на песната:Дождови

4.5.2020

10.

Утврдување на знаењата за М.Матевски

5.5.2020

 

Ø  Цели на темата:

-Да добие информација за улогата на Матеја Матевски во македонската поезија

-Да добие информации за местото на Коле Чашуле,како драмски автор во македонската литература

-Да развие способност за поставување директни прашања за барање информации

-Да се насочи кон согледување разликување на општествено- политичките и културните услови во Македонија по Втората свтеска војна

-Да добие сознанија за белезите на лит. родови за  нивната застапеност во мак. литертура

 

Ø  Услови за работа:

-литература,примери од литерарута

-хамер,

-хартија,

-табла,

-соодветни книги,

-маркери.

 

 

Ø  Корелација(внатрешна и надворешна):

-Внатрешна корелација со подрачјето јазик и подрачјето литература и лектира.

-Надворешна корелација со мајчиниот јазик, со странските јазици, информатика и др.

-Со мајчиниот јазик и со историјата.

-Со литературата на албански јазик

 

Ø  Средства и постапки за вреднување:

-Соработка и комуникација во групата

-Активност

-Квалитет и квантитет на стекнатите знаења

-Начин на презентација на стекнатите знаења

 

Ø  Забелешки од реализација на темата:

 

Тематски за март - турски паралелки

 

ТЕМАТСКИ ПЛАН

 

Училиште и општина: СЕОУ “ГОСТИВАР – ГОСТИВАР

Наставен предмет: Македонски јазик и литература

Година: III

Тема:СИНТАКСА

За паралелките на турски наставен јазик

 

Ред.бр.

Структура на темата

Време на реализација

1

Независно сложени  реченици-составни реченици

2.3.2020

2

Вежби за составни реченици

3.3.2020

3

Спротивни независно сложени реченици

9.3.2020

4

Вежби за откривање и градење на спротивни независносложени реченици

10.3.2020

5

Разделни  независно сложени реченици

16.3.2020

6

Вежби за разделни реченици

17.3.2020

7

Исклучни независни реченици

23.3.2020

8

Вежби за исклучни реченици

24.3.2020

9

Заклучни независни реченици

30.3.2020

10

Вежби за заклучни реченици

31.3.2020

 

Ø  Цели на темата:

-Да ја дефинира поделбата на сложената реченица   

-Да може да ја идентификува независно сложената реченица

-Да конструира и користи составни ,спротивни,разделни,исклучни и заклучни 

Независни реченици

.

Ø  Услови за работа:

-Граматика, хамер, хартија, маркери, вежбанки.

 

Ø  Корелација(внатрешна и надворешна):

-Со мајчиниот јазик на ученикот.

 

Ø  Средства и постапки за вреднување:

-соработка и комуникација во група,

-активност,

-начин на презентација на стекнатите знаења.

 

Ø  Забелешки од реализација на темата:

 

Тематски за февруари - турски паралелки

 

ТЕМАТСКИ ПЛАН

 

Наставен предмет: Македонски јазик и литература

Година: III

Тема: Македонска литература по Втората светска војна

За паралелките на турски наставен јазик

 

Ред.бр.

Структура на темата

Време на реализација

1

Блаже Конески-живот и дејност

2.2.2020

2

Анализа на расказот:

 ПЕСНА

3.2.2020

3

Утврдување на знаењата за Блаже Конески

9.2.2020

4

Ацо Шопов-Живот и дејност

10.2.2020

5

Анализа на песната: ОЧИ

16.2.2020

6.

Утврдување на знаењата за Ацо Шопов

17.2.2020

7.

Подготовка за втора писмена работа

23.2.2020

8.

Втора писмена работа

24.2.2020

 

Ø  Цели на темата:

- Да се насочи кон согледување, разликување на општествен, политичките и културните услови во Македонија по Втората светска војна.

- Да добие сознанија за белезите на литературни родови за нивната застапеност во македонската литература

-Да го сфати значењето на личноста на Блаже Конески за македонската литература

-Да добие информации  за улогата на Ацо Шопов во македонската поезија

Ø  Услови за работа:

-литература, маркер, табла,

-.тетратка за писмена работа

 

Ø  Корелација(внатрешна и надворешна):

-историја,

-литература,

-мајчин јазик на учениците.

 

Ø  Средства и постапки за вреднување:

-соработка и комуникација во група,

-активност.

Ø  Забелешки од реализација на темата:

Тематски за јануари - турски паралелки

 

ТЕМАТСКИ ПЛАН

 

Наставен предмет: Македонски јазик и литература

Година: III

Тема: Синтакса

За паралелките на турски наставен јазик

Ред.бр.

Структура на темата

Време на реализација

1

Анализа на новинарски текстови – медиумска култура

19.12.2020

2

Пријава

20.12.2020

3

Независносложена реченица

26.12.2020

4

Утврдување на знаењата

27.12.2020

 

Ø  Цели на темата:

-Да развије способност за барање информации и утврдува веродостојност

-Соработка

-Воочување на карактеристиките на независносложените реченици

-Самооценување

-Критичко размислување

 

Ø  Услови за работа:

-литература,примери од литерарута

-хамер,

-хартија,

-табла,

-соодветни книги,

-маркери.

 

Ø  Корелација(внатрешна и надворешна):

-Со прозата на албански јазик и со историјата

-Внатрешна корелација со подрачјето јазик и подрачјето литература и лектира.

-Надворешна корелација со мајчиниот јазик, со странските јазици, информатика и др.

 

Ø  Средства и постапки за вреднување:

-Соработка и комуникација во групата

-Активност

-Квалитет и квантитет на стекнатите знаења

-Начин на презентација на стекнатите знаења(постери, брошури, статии)

 

 

Ø  Забелешки од реализација на темата: