Преживувам
Живеам во време - невреме
Преживувам
Живеам во време кога глумиме живот
Кога одиме на работа чисто да се преброиме -
- колкумина останавме за следниот круг?
Кога децата се раѓаат - казнети за грев кој не го сториле
кога училиштата се празни - болниците полни
...гробиштата преполни
Кога брат на брата си му е волк
Кога црквите и џамиите водат налудничав натпревар
кој повеќе ќе најави - упокојувања на душите
вчера триесет, денес педесет, утре -
Бог да ги прости!
Бог да НИ прости!