Thursday, February 11, 2016

Прашања за екстерно тестирање за втора година



1. Воведувањето на народниот јазик во широка употреба (црквата, училиштата, литературата) во втората половина од 19 век се должи на дејноста на:
2. Која идеја во врска со македонското јазично прашање се нагласува кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во Македонија?
3. Автор на првата македонска граматика позната по името „Слогница речовска“, објавена во 1880 год. во Софија  е учебникарот:
4. Кој е автор на книгата „За македонцките работи“?
5. Најмали јазични единици со сопствено значење се:
6. Колку граматички категории имаат именките?
7. Според морфолошката класификација, кои од наведените видови зборови се менливи?
8. Кои именки немаат форми за множина?
9. Како се изразува определеноста на именките во македонскиот јазик?
10. Зборовите: дали, нели, ли, зарем се:
11. Науката што се занимава со  принципите за составување разни видови речници, како и со нивното практично изработување се нарекува:
12. Науката што го проучува составот на зборовите на еден јазик се вика:
13. Кои два вида значења ги разликуваме кај зборовите?
14. Зборовите кои се застарени со својата форма или со своето значење се викаат:
15. Извадокот: „На дрвената масичка, во широк кристален сад, се смееше едно румено, крупно, сочно јаболко“ е дел од композицијата на делото во која тој се определува како примена на постапка на: 
16. Литературно - научен вид  во кој авторот дава опис на местата што ги посетил, а зазема и личен став во врска со тоа се вика:
17. Литературно-научниот вид кој, во исто време, претставува и документ, и убав збор, и откривање на човековите судбини, и проникнување во социјалните драми, се вика:
18. Како се вика литературно-научната творба во која авторот го опишува својот живот?
19. Одговори што се зборовите: секако, бездруго, навистина.
20. Кој збор е главен реченичен член?
21. Како се нарекуваат неменливите зборови што служат за истакнување или определување на други зборови, како и за образување на некои граматички форми?
22. Преминот од средновековната кон литературата на хуманизмот и ренесансата го означува:  
23. Во „Божествената комедија“, Вергилиј и Беатриче ги симболизираат:
24. Што идеализира ренесансната литература?
25. Каков драмски вид е ,,Хамлет“?
26. На кој вид роман е пародија романот „Дон Кихот"?
27. Како се вика жената на која Франческо Петрарка ѝ ја посветил збирката „Канцониер“?
28. Каде се случува дејството во драмата „Хамлет“?
29. Кој е автор на „Божествена комедија“?
30. Кој лик е најтрезвен во делото „Тартиф” од Молиер?
31. На која литература припаѓа творештвото на  Жан Батист Поклен Молиер?
32. Кое од наведените дела не му припаѓа на класицизмот како правец?
33. Во која земја за првпат се појавил класицизмот како правец?
34. Кој е авторот на првата книшка на македонски народен јазик од времето на просветителството во Македонија?
35. Каде се издавани книгите на Јоаким Крчовски?
36. Кое од наведените дела не го напишал Кирил Пејчиновиќ?
37. Каде е издадена книгата „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ?
38. Првата печатница била отворена во Солун од:
39. Кој ја напишал поемата „Странствувањето на Чајлд Харолд“?
40. Најталентираниот македонски поет од времето на преродбата, наречен „втор Хомер“ е:
41. Основоположник на македонската уметничка поезија е:
42. Кој е автор на песните: „Голапче“, „Бисера“, „На чужина“?
43. Во која година Григор Прличев добил ловоров венец за поемата „Сердарот“?
44. Каде и кога е издаден „Зборникот“ на Браќата Миладиновци?
45. Кој е автор на песната „Труд ми е името“?
46. Авторот на романот во стихови „Евгениј Онегин“ е:
47. Одреди кој македонски деец ги оформил своите ставови за македонскиот стандарден (литературен) јазик во три точки: 
 –        за основа да се земат централните говори на линијата Велес-Прилеп-Битола-Охрид;
–        правописот да се постави врз фонетска основа, со мали отстапки пред етимологијата;
–        во лексиката да се вклучат елементи од сите македонски говори. 
48. За што се залагале  лозарите  во  последната деценија на 19 век?
49. Кој  македонски автор се залагал за оформување на литературен јазик врз македонско-бугарска основа и своите најголеми дела ги превел на овој своевиден словенски есперанто?
50. Кога и каде е издадена книгата „За македонцките работи“?
51. Во која статија од книгата „За македонските работи“ Мисирков ги дал основните принципи врз кои би се поткрепувал македонскиот литературен јазик?
52. Зборовите:  темнина – мрак  се:
53. Толковниот речник на еден јазик е:
54. Каква морфема е наставката?
55. Определи кој  збор е изведен со формообразувачка морфема.
56. Која именка е апстрактна, во множина  и е  членувана?
57. Честички со кои се образуваат сложени глаголски форми се:
58. Кој  збор означува точна бројност?
59. Формите за директен предмет од заменката тие се:
60. Формите за директен предмет од заменката ние се:
61. Зборовите: читан, пишуван, според својата глаголска форма се:
62. Според морфолошката класификација на зборовите, видовите зборови: именки, заменки, придавки, броеви и глаголи се:
63. Кои од наведените зборови се сврзници?
64. Кој глагол е несвршен?
65. Зборовите: солитер , печатач,  конектирање се:
66. Зборовите: небеса, упокоение, миропомазание, трпеза, утешение се:
67. Зборовите: филџан, сарма, баклава се:
68. Според што е направена поделбата на лексиката на разговорна, книжна и експресивна (поетска)?
69. Врз основа на тоа како се обработува зборовната единица, односно која е основната цел на речникот, се изделуваат два типа речници и тоа:
70. Зборовите: утро - вечер се:
71. Биографијата и автобиографијата стојат во однос како:
72. Во веста: „Вчера, во раните утрински часови, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го изгуби својот живот“, недостасува:
73. Во поканата: „Ве покануваме да присуствувате на прославата организирана во чест на македонскиот револуционер Гоце Делчев, што ќе се одржи во холот на училиштето“,  недостасува:
74. Одговори каков вид форма за изразување претставува рефератот.
75. Во кое дело одмаздата е централен мотив?
76. Ако јазикот на Санчо Панса е полн со народни поговорки, со што е полн јазикот на Дон Кихот?
77. Што на Хамлет му задава најголема болка?
78. Смешниот рицар со тажен лик Дон Кихот, од најпознатото дело на Сервантес, има човек кој е негов верен придружник и се вика:
79. Во кој период се случува дејството во романот „Дон Кихот“?   
80. Кој лирски вид е карактеристичен за структурата на делото „Канцониер“ од Петрарка?
81. Што критикува Молиер во комедијата „Тартиф“?
82. Со кои атрибути е опишан Тартиф од страна на Оргон во првиот чин од драмското дејство?
83. Кој лик од комедијата „Тартиф“ не е комичен?
84. Која способност му помогнала на Тартиф да влезе во семејството на Оргон и да се здобие со неговата доверба?
85. Првиот оригинален текст на македонски народен јазик во македонската литература е познат под името:
86. Што е основната тема во делото „Слово заради завист“ од Јоаким Крчовски?
87. Што критикува Кирил Пејчиновиќ во делото „Слово за празниците“?
88. Во предговорот кон „Утешение грешним“, особено се истакнува важноста на:
89. Кои се вредностите на драмските обиди на Џинот поради кои тој се смета за основоположник на македонската драма и театар?
90. Првите стихови  во новата македонска литература ги запишал на својата надгробна плоча:
91. За кое свое дело Григор Прличев не успеал да добие ловоров венец во Атина?
92. Водечка фигура на македонската преродба, учител и ментор на првата генерација македонски интелектуалци, важен собирач на македонското народно творештво и предводник во борбата против грцизмот е:
93. Какви се песните „Таен глас“, „Глас“, „Сам себеси“ и „Велигден“ од Рајко Жинзифов според мотивското јадро?
94. Ликот на Марија во поемата „Сердарот“ од Григор Прличев е олицетворение на:
95. Како прототип за ликот на Неда, на Прличев му послужила:
96. Чие писмо, добиено во Екатеринската болница, го мотивирало Константин Миладинов да ја напише песната „Т`га за југ“?
97. Кој од наведените претставници на романтизмот и  преродбата вo македонската литература не е собирач на народни умотворби?
98. Според мотивот, каква е песната „Сираче“ од Константин Миладинов?
99. Што сакал да пронајде Чајлд Харолд во непознатите далечни земји?
100. Како македонските писатели го решавале прашањето за јазикот во нивните литературни дела на крајот на 19 и почетокот на 20 век?
101. Кој е автор на букварот со наслов „Началное учение со молитви утренија“ („Буквар со утрински молитви“)?
102. Според Мисирков, правописот на македонскиот јазик треба да се базира на:
103. Делот од науката за јазикот што ги проучува формите на зборовите, правилата за нивното градење и нивните граматички значења се нарекува:
104. Што се збороформи? 
105. Колку граматички категории се разликуваат кај придавките?
106. Според морфолошката класификација, кои од наведените видови зборови се неменливи?
107. Зборовите со кои се означуваат суштества, предмети, појави и поими се викаат:
108. Колку вида множина се разликуваат кај именките?
109. Кој вид збор ги има истите граматички белези како и именката до која стои?
110. Кои зборови се полнозначни?
111. Според составот, која глаголска форма  е проста?
112. Кои глаголски форми се сложени?
113. Како се викаат службените зборови што ги употребуваме за поврзување одделни зборови во рамките на една реченица или реченици во една сложена реченица?
114. Зборовите со кои го изразуваме личниот однос спрема она што го соопштуваме се викаат:
115. Сложената глаголска форма со која се означува дејство што се случило пред друго дејство во минатото се вика:
116. Што е полисемија?
117. Под чија редакција е издаден Речникот на македонскиот јазик?
118. Зборовите кои се слични по  изговор или пишување, а различни по значење се викаат:
119. Книга во која, по азбучен или некој друг ред, се собрани, подредени и протолкувани зборовите во еден јазик се вика:
120. Како се вика литературно-научната творба  во која се даваат податоци за животот на некоја личност која има посебни заслуги за народот од чии редови произлегува?
121. Писмена или усна форма на практично-професионална  комуникација со која информираме  некого за неговото присуство на некаква манифестација (прослава, изложба, спортски натпревар, литературно читање и сл.) се вика:
122. Форма на комуникација преку која се изнесуваат настани во кои раскажувачот директно учествувал или бил очевидец, или раскажува за сопствени доживувања се вика:
123. Како се вика литературно-научната творба во која се обработуваат актуелни прашања од областа на науката, литературата, уметноста, од општествениот и политичкиот живот?
124. Од колку дела е составена „Божествената комедија“?
125. Кој од наведените писатели е претставник на ренесансната литература во Италија?
126. Кој е автор на романот „Дон Кихот“?
127. Во кое дело Данте ја воспеал историјата на својата платонска љубов спрема Беатриче?
128. Кои се главни ликови во романот „Дон Кихот“?
129. Кој лик во ренесансната литература си го поставува прашањето „Да се биде или не“?
130. На кое дело не е автор Шекспир?
131. Кое дело не ѝ припаѓа на ренесансната литература?
132. Кое лицемерие го разоткрива Молиер во комедијата „Тартиф“?
133. Врз што се темели класицизмот како правец во литературата?
134. Кој е автор на комедијата „Тартиф“?
135. На кој правец во литературата му  припаѓаат делата на Молиер, Лафонтен и Корнеј?
136. Со што не е поврзана појавата на просветителството во Македонија?
137. Каде  е издадена книгата  „Огледало“ на Кирил Пејчиновиќ?
138. Кое од наведените дела не го напишал Јоаким Крчовски?
139. Која е главната вредност во делата на Крчовски и Пејчиновиќ?
140. Кои се првите стихови на народен јазик во македонската литература?
141. Од кое дело се ликовите Татјана, Ленски и Олга?
142. Кој правец во литературата се одликува со бегање од стварноста, култ кон минатото и „светска тага“?
143. Кој е автор на расказот „Прошедба“?
144. Кој период од македонската литература се одликува со борбата за употреба на македонскиот јазик во училиштата и со собирање и издавање на народното творештво?
145. Кој е автор на песните: „Бессоница“, „Глас“, „Гусљар в собор“?
146. Кои се најпознатите собирачи на македонското народно творештво во времето на романтизмот и културната преродба во Македонија?
147. Кој го  издал „Зборникот“ на Браќата Миладиновци?
148. Каде умреле браќата Димитар и Константин Миладинови?
149. Каде се наоѓал Константин Миладинов додека ја  пишувал песната „Т`га за југ“?
150. Кој македонски преродбеник е добитник на ловоровиот венец за најдобра поема напишна на грчки јазик?
151. Од што се инспирирал Григор Прличев за да ја напише поемата „Сердарот“?
152. На кое наречје сакале да го засноваат литературниот јазик Пулевски, Зографски и Шапкарев?
153. Кој е најистакнатиот претставник на македонистите кој се залагал за оформување на македонскиот литературен јазик врз западномакедонските говори?
154. Која основна функција ја задржал црковнословенскиот јазик во периодот од XII до XVIII век?
155. Кои од наведените именки имаат само множински форми?
156. Кои заменки се лично-предметни?
157. Која именка е конкретна, во множина  и  определена?
158. Кој  збор означува приближна бројност?
159. Формите за индиректен предмет од заменката јас се:
160. Формите за индиректен предмет од заменките тој и тоа се:
161. Зборовите пеејќи, играјќи се:
162. Според морфолошката класификација на зборовите, видовите зборови извици, честички, сврзници, предлози се:
163. Одговори какви се глаголите во реченицата „Петре постојано потстанува и седнува на клупата“.
164. Кои од наведениве глаголски форми немаат основен вокал?
165. Од што се изведени именките: лутина, сивило, старост?
166. Првиот збор во прашалната реченица: „Колку пари ти требаат?“ претставува:
167. Со сегашно време се именува дејство кое се врши:
168. Зборовите  кит (морско животно) и кит (средство за китирање) се:
169. Преводните речници се:
170. Зборовите: кмет, цар, падар се:
171. На која лексика ѝ припаѓаат зборовите: печатач, монитор, скенер?
172. Определи која е целта на правоговорните  (ортоепски) речници.
173. Како се делат зборовите според процесот на обновувањето на лексичкиот фонд?
174. Зборовите фабрикат – фабрикант се:
175. Кои речници го објаснуваат потеклото, коренот на зборот и неговиот развој?
176. Кои зборовни двојки се антоними?
177. Кога преку соопштението се изнесува ставот на владата или на одредена политичка партија за конкретните односи во светот, тогаш тоа има значајна улога за:
178. Со што се запознава читателот, читајќи ја репортажата?
179. Во соопштението „ КУД ,Китка' од Драчево ќе одржи концерт во Центарот за култура во нашиот град, во големата сала“ недостасува:
180. Веста, како форма на практично-професионална комуникација треба да биде:
181. На кој јазик се пишувани песните од „Канцониерот“ на Франческо Петрарка?
182. „Животот на госпоѓа Лаура“ и „Смртта на госпоѓа Лаура“ се:
183. Дон Кихот се замислувал како силен и храбар витез, а всушност бил:
184. Кога Дон Кихот станал свесен дека бил жртва на заблуда?
185. Зошто Хамлет навлекува маска на лудак?
186. Кој му го попречил патот на Данте при неговото излегување од шумата?
187. Симболиката на кои броеви е искористена при создавањето на „Божествена комедија“ од Данте Алигиери?
188. Што претставува непрeoдната шума во воведната песна од  „Божествената комедија“?
189. Во комедијата „ Тартиф“ се претставува конфликтот во семејството на Оргон поради:
190. Кој е идеолог и теоретичар на францускиот класицизам?
191. Според која теорија на класицизмот била задолжителна строгата запазеност на единството на времето, местото и дејството на драмата?
192. Кој лик  во комедијата „Тартиф“ ги презема „сите конци“ во свои раце за да го реши проблемот со Тартиф?
193. Кој му дал повод на Молиер да ја напише комедијата „Тартиф“?
194. Со што е опседнат Оргон од комедијата „Тартиф“?
195. Каков карактер има писмената литература што се појавува во делата на Крчовски и Пејчиновиќ?
196. Што претставува  делото „Слово за  празниците“ од Кирил Пејчиновиќ?
197. Која човечка особина  Јоаким Крчовски  ја опишува со зборовите: „прокљатија“ и „мерскаја“?
198. На кој говор е напишано „Словото за зависта“ од Јоаким Крчовски?
199. Што е тоа што го  прави човекот бесмртен, според Теодосиј Синаитски?
200. Што е основниот мотив во песната „Труд ми е името“ од Јордан Хаџи Константинов -Џинот?
201. Што сакал да истакне Пушкин преку ликот на Евгениј Онегин?
202. Поезијата на Константин Миладинов се одликува со :
203. Која поезија извршила силно влијание врз поезијата на Константин Миладинов?
204. Кои македонски поети од времето на романтизмот и преродбата, во својата поезија, ги сликаат убавините на татковината?
205. Какви се песните „Голапче“, „Бисера “ и „Желание“ од Константин Миладинов според мотивското јадро?
206. Кој  ѝ раскажува на Неда, мајката на Кузман, за смртта на нејзиниот син?
207. Кој е централниот настан  со кој се поврзани сите случувања во делото „Сердарот“?
208. Обраќајќи му се на „голапчето“, на кого всушност, поетот (Константин Миладинов) му ја ветува својата верност?
209. Кој лик од поемата „Сердарот“ е олицетворение на хероизам и добрина, јунаштво и чесност, издржливост и жестокост?
210. Која е идејната порака на Рајко Жинзифов во расказот „Прошедба“?
211. Прочитај го внимателно извадокот од книгата „За македонцките работи“ и одговори на прашањето.
„Создаањето литературен јазик јет дуовна потребност кај нас, со која се мислит да се клаит крај на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси, и со која требит да се создаит свој литературен и научен центр, за да се немат нужда од Белград и Софија.А та тешка задаќа ќе се достигнит само ако Македонецот од северна Македонија подаит рака на својо брат од јужна Македонија и Македонецот од источна Македонија подаит рака на тој од западна. Подаените раци ќе се прекрстат околу Пролеп - Битоља... Битоља, Орид, Прилеп сет историјцки места за Македонците, као и тоа, шчо состауваат они географцки и јазичен центр; сите заједно праат да се пријимит, као обшч македонцки литературен јазик, централното македонцко наречје.“
212. Зошто Мисирков ги наведува централните македонски говори како основа за македонскиот литературен јазик?
213. Што сакал да истакне Темко Попов, еден од најистакнатите претставници на лозарите, со реченицата: „И сам Исус Христос ако слезит од небото не можит да го уверит  Македонецот оти тој е Б`лгарин или Србин“?
214. Која  глаголска форма е во предминато време?
215. Определи кој  глагол е преоден.
216. Бројот употребен во реченицата: Тогаш извикаа десетина души е:
217. Во реченицата: Јас горам како запален бор во планина среде ноќ, глаголска придавка е зборот:
218. Која именка не разликува форми за трите вида множина?
219. Која  придавка не може да се степенува?
220. Определи која именка е употребена во функција на атрибут во реченицата: „Професорот Иван секој ден трча покрај Вардар“.
221. Во која од наведените реченици предлогот в/во е неправилно употребен? 
222. Кои од наведените зборови се глаголски прилози?
223. Која сложена глаголска форма е употребена во реченицата: „Марија ќе одела на крстарење по Босфорот“?
224. Кој збор е предлог во реченицата „Тие се појавија пред мојата врата“?
225. Определи какви се придавките според значењето во реченицата: „Помина преку дрвениот мост мавтајќи со свиленото марамче“.
226. Која  глаголска форма е во минато определено свршено време?
227. Кој збор е прилог за време?
228. Во која реченица е употребена глаголска придавка?
229. Кои именки имаат форми за збирна  множина?
230. Која  придавка е степенувана во суперлатив?
231. Определи која именка е употребена во функција на директен предмет во реченицата: „Директорот на училиштето ги повика учениците на разговор“.
232. Во која реченица е употребен можен начин?
233. Кој збор е показна заменка во реченицата „Јас ги упатив токму по тој пат“?
234. Кој глагол е од е-група, а-раздел?
235. Во која реченица е употребена глаголска именка?
236. Определи го прилогот меѓу наведените зборови  во реченицата: Снегулките полека паѓаа на сувата земја.
237. Во реченицата: Дивиот лебед сигурно веќе го растргнале ѕверови,  модален збор е:
238. Во зборот прелетавме морфемата лет- е:
239. Како гласи долгата заменска форма за директен предмет за второ лице множина?
240. Во реченицата: „ Храбриот јунак храбро се бори“, подвлечениот збор е:
241. Во која реченица има сум-конструкција?
242.Зборовите златоврв, златокласје, зајдисонце,  припаѓаат на:
243. Антоними на зборовите назад и горе се:
244. Кои зборови  се интернационализми?
245. Што се зборовите бабиште, ѕвериште, косиште? 
246. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето. „ Во 1996 година излезе од печат Речник на презимиња кај Македонците (А-Љ), а во 1996 год.  
 Речник на топонимите во областа по сливот на реката Брегалница. Во 1992 год. излезе од печат Речник на личните имиња кај Македонците“Определи за каков вид речници станува збор.
247.Во реченицата: „Сите Словенци се Словени“,, зборовите Словенци и Словени се:
248. Пронајди ги интернационализмите во реченицата: За мене биологија и хемија  секогаш биле тешки предмети.
249. Кој збор е антоним на зборот радост?
250. Каква лексика е употребена во реченицата „Ѕвонежот на ѕвончињата се разлеа по ливадите“?
251. Зборовите: венчание, рождество, крштение се:
252. Кои зборовни двојки се пароними? 
253. Зборовите  коса (на главата) и коса (алатка) се:
254. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
„Владата започна кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за употребата на здрава храна. Ја презентираше лично премиерот заедно со министерот за здравство и неколку доктори.
 Ќе биде спроведена преку телевизиски и радио реклами, печатен материјал, билборди, автобуси, банери. За оваа цел  од буџетот ќе се одвојат речиси половина милион евра.“
За каква форма на практично-професионална комуникација станува збор?
255. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.
„Созревањето на идејата за национално ослободување на Македонија овозможи да се создаде националноослободителната организација ВМРО и да се крене Илинденското востание. Илинденското востание е една величествена епопеја на македонскиот народ, која го инспирира во сите негови следни национални и социјални борби... Македонскиот народ  има право слободно сам да решава за својата судбина. Стара негова желба е од времето кога се оформи како посебна нација да се организира во единствена, национална, независна, демократска македонска држава. За остварување на таа желба тој многу одамна водел национално ослободителни борби. Остварувањето на таа негова желба останува и натаму неотуѓиво право врз основа на принципот на самоопределување на народите до отцепување, што е задача на сиот македонски народ, која ќе ја оствари во општата борба на народите... Поради тоа пред Конгресот се наложи потребата да создаде нова организација за да раководи со натамошните борби на нашиот народ и општата желба таа да се именува со името Илинден, име сврзано со најсветлите традиции на нашиот народ и име што го вдахнува. Тоа е име што не потсетува на идеалите на Илинденската револуција со кои се вдахнуваа две генерации...”
За каква форма на практично-професионална комуникација станува збор?
256. Прочитај го внимателно текстот и одговори на поставеното барање:
„Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на  концертот што ќе го одржи КУД ‘Китка‘ од Драчево на 30.1.2015 година (петок)  во Центарот за култура во нашиот град, во големата сала. На концертот ќе учествуваат и гости од Република Хрватска и ансамблот ’Танец’. Почетокот е во 20:00 часот.“
За каква форма на практично-професионална комуникација станува збор?
257. Внимателно прочитај го извадокот и одговори на поставеното прашање.
„ Дури го пееше тоа нешто Димитрија, татко само ја завртуваше настрана главата, како да сакаше да му каже на Миладинова оти не ја азеттиса, та му рече: ’Mope за такви песни, кир даскале, Марко мој сума знае, нешто божевно, божевно да ми кажеш, та да ти благодарим. Навистина, кир даскале, чуму ти се вакви работи што ги собираш? Некни ме прашаше за песни да ти пеам и за многу друзи стари работи, ако сакаш кажи ми, та да ми е ќеф да ти прикажам многу нешта што знам’. Откако се опули и надесно и налево Миладинов, издивна и му рече: ’Ќе ти кажам, кир Коста, чунки те познав оти си патриот, ама ете ти небото и земјата, ако му кажеш на Тимиона али на некој друг. Јас сум сторил ниет да типосам една книга со песни и друзи народни сторенија, за да останат за спомен на нашето потекло, чунки ние се кај туку се грчиме и Господ знае докрај како ќе бидеме. Ете затоа сакам да зберам и да ги типосам песни и друзи работи. Ама ќе те молам: видов не видов  и чув не чув, оти ако ме разбере владиката, ќе ме сурдиса и ќе ме баттардиса’. ... Кога ги чув тие зборови од покојниот Д. Миладина, на срце ми паднаа и си реков со умот, чекај и јас песни ќе пишувам. Отпрвин само песни запишував, а кога во Чолаковиот Зборник оти имаше и приказни печатени, а пак јас знаев сто и педесет приказни, почнав да си ги пишувам по една – две во недела.“
Што претставува овој текст?
258. Прочитај го внимателно дијалогот и одговори.
                                    Хамлет
 „Ако се мажиш ќе ти ја дадам оваа клетва како свадбен подарок: биди невина како
 мраз, и чиста како снег,
нема да избегаш од клетвата. Ти реков,
оди во манастир. Збогум.
  A a ко сепак сакаш да се мажиш, омажи се за некој глупак. Умните многу добро знаат
 какви чудовишта вие од нив правите. Ти велам, стани калуѓерка! И тоа веднаш. Збогум.“
Поради која причина Хамлет ја отфрла Офелија?
259. Внимателно прочитај го извадокот од драмата „Хамлет“ и одговори на прашањето.
            „Да бидеш или да не бидеш ти
            Еве во што е прашањето сега.
            Без ропот молкум да го трпиш стравот
            И сите стрели на судбата дива
            Или пак да се противставиш гневно, гневно
            Да станеш веднаш, да победиш в борба
            Или да паднеш, да умреш, да спиеш.“
Помеѓу што се двоуми Хамлет?                        
260. Прочитај го извадокот од трагедијата „Хамлет“ и одговори која стилска фигура е употребена во текстот?
      „Биди невина како мраз и чиста како снег, нема да избегаш од клетвата. Ти реков, оди во манастир.
      Збогум.“
261. За што размислува Хамлет во наведените стихови?
„Да бидеш или да не бидеш ти –
Еве во што е прашањето сега.
Без ропот, молкум да го трпиш стравот
И сите стрели на судбината дива
Или пак да се противставиш гневно, 
Да станеш веднаш, да победиш во борба
Или да паднеш, да умреш, да спиеш.“
262. Внимателно прочитај го извадокот од драмата „Хамлет“ и одговори на прашањето.
„Хамлет:       Ах флејти! Дајте ми една... Земете ја оваа флејта, засвирете нешто.
Гилдестерн:  Не умеам принцу....верувајте ми не умеам...  Не умеам ни да ја држам.
Хамлет:         Тоа е лесно, како лагата. Допирајте ги со прсти овие дупки, дувајте со уста и од неа ќе се разлее најубавата музика. погледајте, еве ги дупките.
Гилдестерн:  Но, јас не знам да ги искористам. нема ништо да направам. Немам дарба.
Хамлет:         Гледате ли каков ништовен човек правите од мене? Вие сакате да свирите со мене. Вие мислите дека ќе го откриете мојот клуч. Вие сте уверен дека ќе го откриете од мене гласот  на мојата тајна. Вие сметате дека ви се познати сите мои ноти, од најдолната до врвот на мојата скала. А еве го овој малечок инструмент , специјално направен за свирење, со прекрасни тонови, па сепак вие не можете да го натерате да проговори. Зар мислите дека со мене може полесно да се свири одошто со оваа флејта? Прогласете ме за таков инструмент каков што сакате, вие можете да ме расипете, но невозможно е да свирите со мене.“
Што треба да откријат другарите на Хамлет од разговорот со него?
263. Внимателно прочитај го извадокот од драмата „Хамлет“ и одговори на прашањето.
„Еве две слики: два родени брата.
Ве молам добро погледајте во нив.
Зар овој не е со неземна убост:
со Зевсово чело, коси Аполонови,
со поглед Марсов внушителен, властен...
зар нема својства на божествен белег...
Тој човек мајко, вам ви беше маж.
На овој овде сега сте му жена:
Овој е налик на метилав клас,
на гнила рана, имате ли очи?
О, што ве турна од пасишта бујни
во овој бурјан, имате ли очи?“
Која стилска фигура е употребена за да се спротивстават ликовите на
264. Внимателно прочитај ги  стиховите од воведната песна од „Божествена комедија“ и одговори на прашањето.
            „Да тргнам горе, чинам смелост збрав
            но, ниту надеж остана, ни сила....
            Пред Волчица, пред Пантер и пред Лав,
            пред обрачот што одеднаш  ме стегна
            јас отстапив со срце полно страв.
            И в душа очај повторно ме жегна:
            -Та нема ли да стасам горе - рид?“
 Што симболизираат волчицата, пантерот и лавот во политичка смисла?
265. Прочитај го внимателно извадокот од „Пеколот“ од Данте Алигиери и одговори на поставеното прашање.
„ На средина од мојот живот земен
вистински от го изгубив јас пат:
се најдов в шума сам, сред густеж темен.
А таа шума, дива, чуден кат
- што да речам? - во трње. В буеж сета,
сред срце раѓа спомен, страв и лад.
Погорчлива одвај е смртта клета!“
Кое е метафоричкото значање на сликата на шумата во која авторот го изгубил патот?
266. Прочитај го внимателно извадокот од „Божествена комедија“ од Данте Алигиери и одговори на поставеното прашање.
„Се зореше. И сонцето се роди,
капејќи ѕвезди ко во денот прв
во кој за првпат почна да ги води.
Низ мракот кај што хаос стасал врв.
Со стрелките се расфрла, и веќе
небесата се капеа во крв.
Тој сладок час и она мило цвеќе,
и погледот на пролетта во сјај
пак надеж родија во мене среќен.“
Кое чувство преовладува во последниот дел (строфа) од наведениот извадок?
267. Прочитај го внимателно извадокот од „Божествена комедија“ од Данте Алигиери и одговори на поставеното прашање.    „Вергилиј ти си? Оној певец вечен     од чие срце блика извор стар    од речитост! - Сетив:срам ме пече.      За кој поет ти не си светлост, жар?    За љубовта ми спрема твојот стих, о!
- награди ме и подај рака бар!
     Учејќи го, ми минел живот.“    
Што претставува Вергилиј за Данте?
268. Прочитај го внимателно извадокот од песната „Не, нема мир...“ од Петрарка  и одговори на прашањето.

,,Без очи гледам, нем за болки зборам,
јас барам спас за гибел и за жед,
се мразам сам, го сакам сиот свет“.
Какво е чувството на лирскиот субјект кога Лаура не е покрај него?
269. Прочитај го внимателно извадокот од песната „Не, нема мир...“ од Петрарка  и одговори на прашањето.
„Не, нема мир, ни војна, ниту враг
се плашам в надеж, стинеам и горам;
се влечам в прав, со облаци се борам;
за сите туѓ, ги барам сите пак.“
Што прикажал лирскиот субјект со овие стихови?
270. Која стилсака фигура ја употребил Петрарка во стиховите од сонетот „Не, нема мир...“ за да ја искаже својата љубовна болка и страдање?
„Од бол сум жив, од плачот насмев творам;
и смрт и живот, проклетство ги сви,
а виновна си дона само ти.“
271. Внимателно прочитај го извадокот од романот „Дон Кихот“ и одговори на прашањето.
...„Сењор, никаде не се гледаат оние луѓе, џинови витези кои Вашата милост ги споменува. Барем јас не ги гледам, освен ако не се сите тие магии или призраци како сношните? Зошто зборуваш така? - се одгласи Дон Кихот.  - Зар не го слушаш `ржењето на коњите, звукот на трубите, биењето на барабаните?
Слушам само - одговори Санчо - дека блеат овците. А така и беше, зашто веќе двете стада во меѓувреме се беа доближиле до нив. “
Според имагинацијата на Дон Кихот, во извадокот, тој се бори со:
272. Внимателно прочитај го извадокот од романот „Дон Кихот“ и одговори на прашањето.
„Ах, господару... Примете го мојот совет и живејте многу години... Ајде... станете од постела и дојдете да излеземе в поле, облечени како пастири, така како што решивме: можеби ќе ја најдеме зад некоја грмушка сењора Дона Дулчинеја, ослободена од магијата, па тогаш нема друго што да бараме...“
Во каква ситуација се наоѓа Дон Кихот во моментот кога Санчо Панса му се обраќа со овие зборови?
273. Внимателно прочитај го извадокот од романот „Дон Кихот“ и одговори на прашањето.
„Мудроста бара да се чуваш за утрешниот ден и да не ризикуваш сè наеднаш....Сињор, тагата не е создадена за животните, туку за луѓето, но, ако луѓето премногу ѝ се предадат, стануваат животни.“
Што претставуваат овие зборови кои Санчо Панса му ги кажува на Дон Кихот?
274. Внимателно прочитај го извадокот од комедијата „Тартиф“ и одговори на поставеното барање.
Оргон
„Напротив, ќе се сретнувате со неа.
Бесот на сите ќе ме радува мене,
бидете со неа во секое време.
И за да ги разгневам, овој час,
за мој наследник Ве прогласувам Вас.
Како пријател мој и зет Вас Ве ценам
повеќе отколку мајка, деца, жена.
Прифатете го мојот предлог, Ве молам!“
Тартиф
„Го прифаќам, штом е тоа божја волја!
Оргон
275. Внимателно прочитај го извадокот од комедијата „Тартиф“ од Молиер и одговори на прашањето.
„ Тартиф:
Љубовта кон Бога што ни гори в души
љубовта кон жена нема да ја гуши.
И сè што е драго нè мами со сила,
а верата в Бога нам ни дава крила.“
Зошто Тартиф, кога ѝ предлага на Елмира да ѝ биде љубовник, мисли дека никој нема да се посомнева во нив?
276. Прочитај го извадокот од комедијата „Тартиф“ и одговори која стилска фигура е употребена во подвлечените стихови.
„ Битието ваше ко Господ е сјајно,
и чувствата кон вас се силни и трајни.
Господ вам ви дарил најпрекрасен дар
во плен ваш да паѓа и младич и стар;
личотата ваша ја гледам, ко рај
та творецот вишен го славам без крај.“
277. Прочитај го извадокот од комедијата „Тартиф“  и одговори на прашањето:
„Ние сме луѓе чија страст, колку да е сјајна,
засолната стои и си останува тајна;
грижата за угледот наш што тешко се ствара
на саканата мила за се и одговара;
таа која нам срце ни дала
има сласт без страв, љубов без скандал.“
Кои особини на Тартиф ги согледуваш од наведените стихови?
278. Прочитај го извадокот од ,,Тартиф“ и одговори која особина на Тартиф  ја открива Клеант.
,,…Од таквите редум побожници лажни 
Со погана душа и прикриен лик -  
......................................................
Сите тие луѓе со невиден жар 
По пат божји врват за свој сопствен ќар, 
милост божја просат тие секој ден,
А живеат в дворци, на порокот в плен…“  
Кои особини на Тартиф ги открива Клеант?
279. Прочитај го извадокот од комедијата ,,Тартиф “ и одговори на прашањето.
Оргон:  „Оној што го знае, нема што да жали
и занесот негов се разлева в мир........
Јас повторно се раѓам штом  него го слушам,
од порок ја чисти тој мојата душа.
И жена ми, брат ми да умрат ил синот
ко ништо да било скоро ќе ми мине
толку што ја спаси тој мојата душа.“
Како е претставен Оргон во наведените стихови?
280. Внимателно прочитај го извадокот од комедијата „Тартиф“ од Молиер и одговори на прашањето.
„Полицаецот  (на Тартиф):
          Да, задоцнив многу. Вие сте во право!
          Благодарам што потсетивте вие.
          Но, на сето ова точка да се стави
          повелете в затвор да појдеме ние...
........................................................................
(на Оргон):
          Смирете ја, молам, возбудата ваша
          измамникот нема веќе да ве плаши.
          Кон злосторци кралот има будно око
          за мирните луѓе да живеат в спокој.“
Кој елемент од развојот на  драмското дејство е претставен во извадокот?
281. Внимателно прочитај го извадокот од „Слово заради завист“ од Јоаким Крчовски и одговори на прашањето.
„Первиј согрешил на небеси денница со завист и фодуллук. Така и Адам у рај што му заповедал Бог не послушал и отпаднал од Бога. А по Адама и Каин испаднал сос завист. Ама тие первиј грехове излегле от дјавола што бил денница. Адама и Каина тој ги научил на зло. От завист помрачил се и потемнел, што бил глава на ангелите, первиј над серафимите, најхубава денница што утро изгрева и сијае. Прво видел неизреченаја хубавина што е колку три селнца светлост Божествена, паднал у завист, пак си подигнал срцето на гордост, на фодуллук, па сакал да биде Бог...“
Според извадокот, каде најпрво се  јавила зависта?
282. Внимателно прочитај го извадокот од песната „Труд ми е името“ од Јордан Хаџи Константинов Џинот и одговори на прашањето.
„Најпаче се трудим,
труд да ме зовут судим.
Труд ште вас научи
и ште вас обучи
блажено да ступате
добро да творите.“
На што укажува авторот во овие стихови? 
283. Внимателно прочитај го извадокот од предговорот кон „Утешение грешним“ и одговори на прашањето.
 „Еве кључ што отворует сердцето ваше, не кључ от злато или от сребро, кључ от железо и чилик, оти среброто и златото ест меко и се вие скоро, но железото со чилик не се вие. Кога да ет отворот сиреч от кључот от злато или от сребро, та да не може ковчегот сиреч сердцето мое да отвори, что ми ест таков отвор (кључ). Нека ест от чилик и железо, та да отвори ковчегот“.
Кој е клучот од железо и челик којшто, според Синаитски, ќе го отвори срцето на простиот чеовек?
284. Внимателно прочитај го извадокот од „Слово за празниците“ од Кирил Пејчиновиќ и одговори на прашањето.
„Једни гледам и  од хоџи писмо узеле, окајание! Тој ли ќе те чува? Тој не можеше ни својата челад да дочува, токо кога им дојде смртта, изумре. Једни гледам ставиле на глава на имање лук, једни зеле од волка зуб, други и сердцето, па го носат како свјатиња. И, сиромаше! Што това неверствие во тебе? Што това многобожие во тебе? Што това безумие на страст? Вук да можел да чува чоека, свакиј во куќата по еден жив ќе ранеше, да го чува.“
Што критикува Пејчиновиќ во овој извадок?
285. Во стиховите од „Епитафот“:
„Теарце му негоо рождение,
Пречиста и Хиландар пострижение,
Лешок негоо воспитание..“
Кирил Пејчиновиќ дава податоци за: 
286. Прочитај го внимателно извадокот од „Слово за празниците“ од Кирил Пејчиновиќ и одговори на прашањето.
„А попот узел, осом села да попуат, каде по напред да стасат, отрчат от село на село... А једни сиромаси христијани други ги жалам, зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј великиј ден гладни стоат и чекаат попа да му донесет причеста...“
Што критикува авторот во наведениот извадок?
287. Прочитај го внимателно извадокот од „Проштална песна” („Странствувањето на Чајлд Харолд” - Бајрон) и одговори на поставеното прашање.
„Не прегрна тој мајка штом на пат се крена
ни сестра си ја виде пред да тргне в свет.
Тој замина со тага душа што му свена.
Без поздрав другарски по море  тргна клет .“
Како е претставен ликот на Чајлд Харолд во наведените стихови?
288. Внимателно прочитај го извадокот од „Странствувањето на Чајлд Харолд“ од Бајрон и одговори на прашањето.
„О, збогум, роден крај! Ти сив
исчезнуваш зад морска шир.
А ветрот јачи; галеб див
со својот пискот руши мир.
На запад сонцето се крие
и ширта морска губи сјај;
се губиме по патот ние...
О, добра ноќ, мој роден крај.“
На кој дел од поемата му припаѓаат наведените стихови?
289. Прочитај го внимателно извадокот од романот „Евгениј Онегин” и одговори на поставеното прашање.
„А , сакаше да гледа како
се раѓа тивко денот злат,
и в мечти, потпрена на балкон,
да гледа в бледен Млечен Пат
штом хоризонтот светлост лее,
а ветрот - гласник утрин - вее
и повтор нов се раѓа ден...“

Што ја интересирало Татјана во детските години?
290. Прочитај го внимателно извадокот од романот „Евгениј Онегин“ и одговори на прашањето.
„Ој, збогум рамници мои ширни,
и вие мои гори мирни,
и вие планини над кои
свездениот се прострел рој!
Ој, збогум природо! Го сменив
јас светов мил за шум и бес...“
Во стиховите со кои е опишана разделбата на Татјана со природата ги забележуваме одликите на литературниот правец:
291. Внимателно прочитај ги стиховите од песната „Бисера“ од Константин Миладинов и одговори на прашањето.
„ Бисеро моме, Бисеро
за кого носиш бисерот?
За кого готвиш дарови?
Ја дарој, бисер не сака
тук сака мома Бисера.“
Кое чувство поетот ѝ го искажува на девојката Бисера?
292. Внимателно прочитај ги стиховите од песната „ Т'га за југ“ од Константин Миладинов и одговори на прашањето.
            „Овде j е мрачно и мрак м' обвива             
                и темна м’гла земj а покрива;            
               мразоj и снегоj , и пепелници,             
                 силни ветришча и виj улици;            
                  околу м’гли и мразоj земни,             
               а в гр’ди студоj и мисли темни.
            ...............................................             
                     Тамо зората греит душата            
               и с’нце светло заj двит в гората;            
                   тамо дарбите - природна сила           
                    со с’та раскош ги растурила:           
                   бистро езеро гледаш белеит          
                   и си од ветар сино темнеит;           
                   поле, погледниш или планина,        
                        сегде божева j е хубавина.“
Која стилска фигура ја употребил авторот за да ги спротивстави убавините на својата земја со студената Москва?
293. Внимателно прочитај ги извадоците и одговори на прашањето.
            „Далеч од баштина, далеч од роднини,
            не в  чужда за мене земља,
            В полјани кичести, зелени долини,
            Самичак в планина шетам ја...
            И јадни мисли мене борат
            И мене стават, то студено то жешко.“
            ( Рајко жинзифов „ Глас“)
            „Орелски крилj а как да си метнех           
             и в наши ст’рни да си прелетнех!            
                  На наши места j а да си идам,             
            да видам Стамбол, Кукуш да видам;           
                  да видам дали с’нце и тамо             
               мрачно угревj ат, како и вамо.“
            (Константин Миладинов „Т'га за југ“)
Кој е заедничкиот мотив и доминантно чувство во овие две песни?
294. Кој лик говори во извадокот од поемата „Сердарот“ од Прличев?
„Ти брзаш, мој сине, да земеш
венец од ловор во крајот
на блаженства, кајшто не се знае за болка и време,
каде што таму, во рајот,
од приказни можеш да сретнеш задоволства толку...“
295. Внимателно прочитај ги стиховите од песната „ Т'га за југ“ од Константин Миладинов и одговори на прашањето.
            „Овде j е мрачно и мрак м' обвива            
                       и темна м’гла земj а покрива;          
                     мразоj и снегоj , и пепелници,           
                         силни ветришча и виj улици;         
                      околу м’гли и мразоj земни,            
                   а в гр’ди студоj и мисли темни.“
Кој град го опишал авторот со овие стихови?
296. Прочитај го извадокот од песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов и одговори на поставеното прашање.
„ Ако как овде с ’нце ме стретит,
ако пак мрачно с ’нцето светит ;
на п ’т далечни ќе се стегнам,
и в други ст ’рни ќе си побегнам,
к ’де с ’нцето светло угревјат,
к ’де небото ѕвезди посевјат.
Овде је мрачно, и мрак м ’обвива ;
и темна м ’гла земја покрива ;
мразој и снегој, и пепелници,
Која стилска фигура ја употребил Константин Миладинов во стиховите од песната „Голапче“?
„Голапче мило, хубаво,
голапче златокрилесто“?
297. Прочитај го извадокот од песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов и одговори на поставеното прашање.
„... Тамо зората греит душата,
и с`нце светло зајдвит в гората;
тамо дарбите природна сила,
со с`та раскош ги растурила:
бистро езеро гледаш белеит
и си од ветар синотемнеит;
поле погледниш или планина,
сегде божева је хубавина.
Тамо по срце в кавал да свирам,
с`нце да зајдвит, ја да умирам“.
Каква  желба изразил поетот во стиховите?
298. Внимателно прочитај го извадокот од поемата  „Сердарот“ од Григор
Прличев и одговори на прашањето.
            „Се надевав, писна, ој Кузмане, дека
            како младоженец в зора
            девојките ќе ми те облечат; тука ќе екнат
            весели  свадбени ора......
            Но,  место да чуеш ти радосна свадбена песна
            тажачка слушаш  да пекам.
            И наместо одаја брачна, ох - јамата тесна
            бездушно тебе те чека!“
Што е претставено во извадокот?
299. Внимателно прочитај ги стиховите од песната „Глас“ од Рајко Жинзифов и одговори на прашањето.
„Безумец, безумец, душа ти ленива - 
ја чух невиден и таен глас - 
спрегни плуг за заборавената нива,
че блиска ет доба, че близок ет час.
Стани, зами остен  в р`це работај
ти ден и  ношт, сос труд, сос пот,
истреби трње, исчисти троскот, изорај,
бесплодна нива да дадит плод.“
Чиј е тајниот глас што го слуша поетот?
300. Прочитај го внимателно извадокот од драмата „Тартиф“ и одговори на прашањето.
Тартиф:    „Госпоѓо, сè оди според мојот план,  Јас прегледав сè во сиот апартман,  Нема жив човек! Ах, во моја сте власт...
Оргон:        Стојте! Запрете ја Вашата луда страст!  Ова е Вашиот крај, Вашиот пад!   Се преправавте светец, а Вие сте гад!  Со ќерка ми треба да склопите брак,  а жена ми ја заведувате пак!
Елмира: (на Тартиф):  На ваква постапка морав да се решам.  Против своја волја требаше да грешам.
Тартиф: (на Оргон) Зар верувате? 
Оргон:  Не матете ми ум! Да Ве нема оттука без најмал шум!“На што е сведок Оргон во наведениот фрагмент од драмата?