ДАНТЕ АЛИГИЕРИ
БОЖЕСТВЕНА КОМЕДИЈА
(Пеколот)
песна
прва
На средина од
мојот живот земен
го изгубив јас така својот пат:
се најдов в шума сам, сред густеж темен.
А таа шума, дива, чуден кат,
зарастена во трње, в буеж сета,
сред срце раѓа спомен, страв и лад.
Погорчлива одвај
смртта клета!
Но за блаженството што сум го пил
ќе раскажам за с† што
таму сретнав.
А како, кога патот ми се скрил
-јас не знам, ништо не можам да речам:
од сонот мора пијан да сум бил.
Штом почнав долгот тихо да го сечам,
во душата го сетив стравот сал.
А потем, по ред почнав да се влечам.
Јас кренав поглед, видов: сонце-ал
огреало во таа рана зора
врз плеќите на ридот стрмен мал.
Со жар ги прсна лачите сред гора...
И стравот, што во крвта стана мраз
го сетив како топи своја кора.
И како патник што во еден час
- од бура спасен – гледа в браној бесни,
со кои водел бој за својот спас,
јас така запрев, и сред спили тесни,
во кои демне само грозна смрт,
с† уште
в трепет – кренав очи лесни
Одвај што смекна в гради камен тврд
и штом на стравот крајот му го видов
зачекорив јас пак по стрмен срт.
Сал чекор – два: одненадеж под ридот
се јави пантер: шарен, стрвост
полн;
ме гледа, не ме испушта од видот...
Испреплашен од sверот толку зол
што одеднаш пред патот му се згоди
-
си
реков: да се вратам в дол.
Се зореше. И сонцето се роди,
капејќи sвезди ко во денот прв
во кој за првпат почна да ги води
низ мракот кај што хаос стасал врв.
Со стрелките се расфла, и веќе
небесата се капеа во крв.
Тој сладок час и она мило цвеќе,
и погледот на пролетта во сјај
пак надеж родија во мене среќен.
За кратко. Одеднаш во овој крај,
од гладот мачен, суров лав ме
сретна...
пак страв сред срце почна да се таи.
Тој погледот од мене не го сметна
се наежил до ужас тука сет
и видов кога в очи жар му светна.
Исушена од злоба и од жед,
ненаситна сред луквост што скрила
-
и волчица јас видов сиот блед.
Во мене поглед страшно беше впила,
Да тргнам горе чинам смелост збрав,
но ниту надеж остана, ни сила...
Пред Волчица, пред Пантер и пред Лав,
пред обрачот што одеднаш ме стегна,
јас отстапив, со срце полно страв.
И в душа очај повторно ме жегна:
,,Та нема ли да стасам горе – рид?”
Со срце кај што плач и тага легна,
ко трговец што губи очен вид,
по она силно благо свое пека ,
-
јас
така тргнав сам, од сешто сит
И дури в темна гора чудо чекав
пред мене човек никна, чии дни
изгаснале пред којзнај колку века!
-
,,Дал
призрак си ил’човек жив, еј ти!’’
-
викајќи
колку глас ме држи реков:
-
,,спас
дај од стравот срце што ми сви!’’
-
,,Јас
живеев пред многу, многу векој,-
го слушнав гласот негов толку мек:
-
в
Мантова, и од познат род на секој.
јас живеев со оној славен ек
што Јулие го разнесе по светов;
Тој век на лажни божества бил век.
Поет јас бев; во песни јас го сплетов
на Анхиз синот, којшто Илион
го напушти сред час со срце клето.
Но, зошто пак се вракаш ти со стон
и не врвиш по ридот?’’ – потем рече:
- ,,Да, многу радост ќе ти пружи он!’’
-
,,Вергилиј, ти си? Оној певец вечен
од чие срце блика извор стар
од, речитост? ’’ – И сетив: срам ме пече!
-,, кај кој поет не си вивнал жар?
За мојата љубов спрема твојте стихој
- помогни ми, о подај рака бар!
Ги учев нив, и минел живот тихо;
па ако в стих мој некој нашол сласт
- заслугата е твоја и на твојте стихој.
Погледај го тој здивен sвер за час!
Од сттравот силен в гради срце зајде
и папсаав сиот јас во нивна власт.’’
- ,, За спас од злото коешто го најде, -
- Вергилиј рече штом ме виде блед, -
по друг пат тргни, таму спас ќе најдеш.
Тој sвер што сторил маж од тебе клет
не остава да стапнат луѓе живи
во каков што е само негов свет.
По жртви кутри искрат очи диви
и нова крв му мами дрско страв
што само уште повеќе го здиви
Со други sверој сојуз бара прв
и само ново зло од тоа твори;
во секој сон го дразни само крв.
За спас на светот, скоро ќе се бори
со него негов враг сред занес врел.
Врз Фелтро таа ’ртка ќе се створи.
Ќе сее љубов сал, по светов бел.
Италија ќе крене гордо глава,
напоена со крв од синот смел.
Ќе најде мир. А sверот зол со страва
ќе избега дур не падне сред ад
од кај што завист и на свет го јава.
На ова место цари само глад.
Но, следи ме, ти зашто уште стоиш?
Раскажи ми за твојот голем јад!
Длабочини ќе минеме, во кои
ќе чуеш само вечен, горчлив плач:
и кај што духот горд, за злини свои
во смртта негова сега бара слач.
Не еден ти ќе видиш што се борел
и в борба лута барал светол лач
со надеж дека, може, таму горе
по божја милост ќе му згрее час
кој од него сал праведник ќе стоел.
Ти сакаш ли да чуеш рајски глас
и Рај да видиш кај што нема бреме?
На патот светол ќе те предам јас
кај чиста рака тебе ќе те земе...
Јас уште ликот божји не го знам
бидејќи уште сум во катот темен.
Не чувствувам во гради негов плам,
ни смеам, пак, да мислам да ми дари!
Во блесок таму божјиот е храм,
палатите од кој вечно цари
над Семирот, над светот широк сет,
над кои божја слава милост жари...
- ,,Во името на овој Господ свет
ти води ме низ царството на мрака
- да видам таму с† од
ред до ред!
Доведи ме до таа светлост јака
пред портите на свети Петар сед
и кај што души трпат јад и мака!’’
Toј тргна тихо. И јас тргнав в блед.
„Пеколот“
Воведната песна
Поетот
раскажува како на средина од својот живот се загубил во огромна и темна шума.
Единствен спас била светлината на еден рид во далечината. Патот кон ридот му го
попречиле 3 ѕвера : пантер, лав и волчица. Како спасител се појавил римскиот
поет Вергилиј, испратен од Беатриче, за да го води низ пеколот.
1. Симболика:
- шумата – земниот
живот полн со грешки, заблуди, беспаќа (1/2 од 70 г.=35 г.)
- ридот - совршенство,
спокојство и душевен мир
- 3-те животни:
(човечките слабости)
пантер – лакомост, завист, сладострасност (грев од
младоста)
лав - горделивост, жед за власт (грев од зрелоста)
волчица – алчност, среброљубие
- Вергилиј - мудрост,
разум
- Беатриче – совршенство,
убавина, добрина, љубов, верба, идеал
2. Низ „Пеколот“ и „Чистилиштето“ го
води Вергилиј, а низ „Рајот“ Данте го води Беатриче
* Оттука започнува „прошетката“ на живиот Данте низ пеколот