Thursday, December 3, 2015

Пример за есеи - Ликот на Тартиф



Тартиф е вечна составка на човештвото

Тартиф е лицемерен богомолец, кој со своето сериозно движење , големата побожност и милосрдие ги заслепува луѓето околу себе. Таа лажност ја откриваат другите, но маската на Тартиф е уверлива и целосна, во која неможе секој да поверува. Добриот Оргон е спремен да се откаже од фамилијата, но не и од Тартиф. За да ја докаже својата приврзаност кон Тартиф, му ја ветува својата керќа. Кога Оргон ќе ја почувствува дволичноста на Тартиф, веќе било предо-цна да ја исправи својата грешка. За среќа кралот е мудар и справедлив, кој ги препознава своите измамници и правдата доаѓа на свое место.
   Тартиф има способност да ги открие слабостите на луѓето и со помош на лицемерството да ги искаже своите цели. Подлоста на Тартиф е многу вешто маскирана зашто секоја лага и злодело, тој ги прикрива со виши цели. Тој е вистински лик на лаком, ненаситен и развратен човек. Во ликот на Тартиф, Молиер го олицитворил лицемерството на христијанската црква. Свештениците кои проповедаат : аскетизам, љубов кон ближниот , милосрдие, некористољубивост, всушност, се лицемери, со ниски користољубиви побуди. Во коме- дијата „Тартиф“ дошле до израз слободољубието и материјализмот, кои ги има низ вековите и кои постојат до ден денес. Сатирата на Тартиф е насочена против религијата и лицемерството, што ги заслепува луѓето и од нив прави марионетки. Нивната побожност, чесност и морал, ги тера да веруваат дека луѓето не носат маски.
     Тартиф е вечна составка на човештвото. Постоеле, постојат и ќе постојат луѓе, кои не бираат средства за да ги остварат своите цели. Луѓе лицемерни и дволични, кои ја искористуваат добрината и невиноста на праведните. Луѓето со маски, додека да се откријат тие ги остваруваат своите цели, но остануваат облежани со своите не - дела.

Жан Батист Поклен Молиер - Тартиф





Тартиф

„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.
Темата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството.
Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство.
Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови.
Повод да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот. Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.
Содржина
Во комедијата е претставен судирот меѓу вистината и лагата низ лицемерието на Тартиф кого дел од ликовите го идеализираат - госпоѓата Пернел и нејзиниот син Оргон, а останатите го гледаат онаков каков што е - лицемерен лажго.
Иако Тартиф не се појавува до третиот чин, тој е во центарот на вниманието и е причина за недоразбирањата во семејството. Во првите два чина од другите ликови дознаваме за особините на Тартиф и за поделеноста на семејството. Се додека тој не се појавува, не сме сигурни кој е во право.
Ликови: Госпоѓа Пернел (мајка на Оргон), Оргон (главата на семејството), Елмира (втора жена на Оргон), синот Дамис и ќерката Маријана (од првата жена на Оргон), Дорина (слугинка и придружничка на Маријана), Клеант (брат на Елмира).
1 чин
Госпоѓата Пернел се подготвува да ја напушти куќата бидејќи се чувствува навредена во сопствениот дом. Таа не им дозволува на останатите да дојдат до збор и постојано го фали Тартиф, а нив ги осудува и навредува.
На сите им забележува по нешто:
Елмира - да не се преправа со задоцнета љубезност, дека таа само фрла пари за облеки што за неа е доказ дека не го сака доволно својот маж;
Дорина - дека иако е само слугинка многу зборува и без нејзиното мислење ништо не може да помине;
внукот Дамис - го нарекува глупак;
внуката Маријана - дека личи на јагне, но дека тивкиот вир ја плаши (скришно прави недозволени работи);
Клеант го цени и фали, но не го прифаќа неговиот начин на живот.
По ова претставување на ликовите од гледиштето на госпоѓата Пернел, следува конфликтот за Тартиф. Таа - против сите останати. Таа го претставува како човек за фалба и пример, човек - вистински побожен кој сака сите да ги поведе по божјиот пат. Мислењето на останатите е дека: дошол бос и гол, бедник кој го крева носот и на сите им заповеда што да прават во нивниот сопствен дом, секаде го пика носот, па дури не ги прима гостите кои до тогаш биле чести и добредојдени.
Разговорот продолжува за Оргон кој е претставен како уште позаслепен од неговата мајка. Го примил Тартиф како негов брат, го цени повеќе од мајка си, жена си и децата. На трпезата му го дал почесното место и за него го издвојува најубавото јадење. Се што ќе каже Тартиф, за него е свето и слепо му верува.
Во следната сцена е претставена љубовта на Маријана кон Валер, но и љубовта на Дамис кон сестрата на Валер.
На крајот од овој чин доаѓа Оргон и настанува комична сцена во која се гледа неговата заслепеност и вљубеност во Тартиф. Му кажуваат дека на Елмира и било лошо, а тој само за Тартиф прашува, и иако бил целосно услужен, со храна, пијалок, мирен сон, Оргон цело време ги повторува зборовите: „Ах, кутриот човек!“. Се разбира, за жена си не ни прашува.

А кога на крајот од овој чин станува збор за свадбата на Маријана и Валер, Оргон почнува без причина и објаснување да ја одложува.

2 чин
Во вториот чин Молиер ја вметнува приказната за љубовта на двајцата млади, Маријана и Валер, оддалечувајќи се малку од главната тема, но во функција на осветлување на главниот проблем. Прво за таа љубов се спречкуваат Маријана и татко и Оргон, бидејќи тој ја убедува дека треба да се омажи со Тартиф. Но, Дорина се вмешува:
ДОРИНА
Се фали тој само. Се чудам јас често
набожноста како заедничко место
со лагата има? Бара божји спас,
а бара и живот полн со земна сласт;
проповеда скромност, а високо лета
и в срце му бујна амбиција цвета.

Исто така, Дорина ја убедува Маријана да се бори за својата љубов.
Кога се појавува Валер, повторно настанува конфликт, но сега меѓу вљубените. Конфликтот брзо се разрешува, повторно со помош на Дорина. Нивното моментално инаетење и пркосење (Маријана му вели дека ќе се омажи за Тартиф) е надминато поради чистата љубов што ја чувствуваат.
3 чин
Во третиот чин се појавува Тартиф кој ги оправдува особините кои му ги припишуваат Оргон и неговата мајка. Тој и замерува на Дорина што носи деколтиран фустан и на тој начин го предизвикува мажите. Но, таа остроумно му одвраќа:
ДОРИНА
И вие сте склон кон соблазност, значи?
И вас грешна мисла за жена Ве мачи?

Тартифовата лицемерност уште повеќе се гледа во сцената со Елмира во која тој отворено и се додворува, а таа ја прифаќа неговата љубов, но под услов да не ја спречи венчавката на Маријана и Валер. Дамис бил сведок на оваа сцена и сакајќи да го разобличи и отстрани Тартиф од куќата, на сите им кажува што се случило. Но, Оргон е толку заслепен од Тартиф што воопшто не поверувал, па дури оди до таму што го брка сина си од сопствениот дом и бара Маријана веднаш да се омажи за Тартиф.
4 чин
Во овој чин е прикажано целосното разобличување на Тартиф и тоа во сцена која е наместена и е идентична како претходната во која Тартиф и се додворува на Елмира. Сцената е сама по себе комична, затоа што Оргон, за да биде директен сведок, е скриен под масата. Ваквото прислушување е типично за фарсата. Дијалогот што се води ги открива вистинските особини на Тартиф:
ТАРТИФ
Слушајте го само тоа што го зборам,
оставете сам јас да страдам и горам,
дозволете сега јас Вас да Ве имам —
а за гревот лесно... Сиот јас го примам.
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Лесно можам да го излечам тој страв —

со целосна тајност што ја гарантирам:
невидено зло — не е зло, Елмира!
Ни следува суд за она што е знајно,
а грев не е она што се врши тајно!

Во овие зборови јасно се гледа дека Тартиф не верува во Бога (кој е сеприсутен и пред него не може да се скрие ништо), дека е обичен развратник, лажго, измамник, користољубив и лицемерен.
Сознанието на оваа вистина е казната на Оргон, но не само тоа туку и финансиската последица од заслепеноста. Тој целиот имот му го препишал на Тартиф.
5 чин
Клеант (братот на Елмира) во овој чин ги искажува класицистичките погледи: дека човекот треба да го следи разумот, да не им потпаѓа на чувствата и страсите. Го осудува Оргон за неговото неразумно и непромислено однесување.
Во куќата доаѓа Тартиф со полицајците барајќи го имотот за кој има документи. Но, се случува ненадеен пресврт, полицаецот, наместо Оргон го апси Тартиф, бидејќи се дознало дека тој е познат измамник кој се криел зад разни имиња и законот го прогонувал. Тука Молиер искористува прилика преку зборовите на полицаецот да го пофали кралот и неговата мудрост и праведност. Но, сепак за величањето да не биде пренаметнато, тој ја завршува драмата со среќата на двајцата вљубени, Маријана и Валер, за кои објавува дека ќе стапат во брак.
Ликови
Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се.
Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност.

Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на лажливиот туѓинец.

Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа - грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата.

Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските намери на Тартиф.
Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф. Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го заведува Тартиф.
Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен.
Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за својата љубов.

Friday, November 6, 2015

Дела кои треба да се прочитаат во втора година (редоследно според планот за работа)


Дела за втора година

1.       За македонцките работи – К.П. Мисирков
2.       Божествена комедија – Д. Алигиери
3.       Канцониер – Ф. Петрарка
4.       Хамлет – В. Шекспир
5.       Дон Кихот – М.Д.Сервантес
6.       Тартиф – Молиер
7.       Странствувањето на чајлд Харолд – Бајрон
8.       Евгени Онегин – Пушкин
9.       К. Миладинов – поезија
10.   Р. Жинзифов – поезија
11.   Сердарот – Г. Прличев
Лектира за втора година

1.       Декамерон – Џ. Бокачо
2.       Сонетен венец – Ф. Прешерн (после Евгени Онегин)
3.       Македонски народни приказни (после К. Миладонов)
4.       Скендербег – Г. Прличев (после Сердарот)

Напомена: Лектирата треба да се прочита и прераскаже во тетратка за лектира

Тематско оценување - Хуманизам и Ренесанса


Тема: Хуманизам и ренесанса
Име и презиме __________________________________
клас________

 1. Најважно што осознав од оваа тема, а недоволно го знаев претходно







2.Што од тоа можам да применам во наставата?







3.Што навистина применив?
( Секогаш кога ќе забележите нешто ново што сте го примениле, забележете го и периодот во кој сте го применувале) 









4.Со што од тоа што го применив сум задоволен, а што треба да подобрам?

Thursday, October 8, 2015

Прашања за домашна работа

Прва група (од бро1 до број 7)

1. Зошто Данте Алигиери решава да стане лекар и аптекар?
2. Кои дела ги има напишано на латински, а кои на народен јазик?
3. Која е улогата на Данте во политиката на Фиренца?

Втора група (од број 8 до 15)

1.  Наброј ги одликите на хуманизмот во делото Божествена комедија!
2. Низ кои градови патува Данте?
3.Кој стих е напишан на надгробната плоча на Данте?

Трета група (од број 16 до 25)

1. Што претставува делото Божествена комедија?
2. Каква е поврзаноста на Данте со Беатриче?
3. Објасни ја поврзаноста на Божествената комедија со религијата!


Прашањата да се одговорат до 09.10.2015 година.
Користете информации од и нтернет, а не само од учебник!


Sunday, October 4, 2015

Божествена комедија



                                     
ДАНТЕ АЛИГИЕРИ

             БОЖЕСТВЕНА КОМЕДИЈА
                         
                              (Пеколот)

                             песна прва
                                               
                              На средина од мојот живот земен
го изгубив јас така својот пат:
се најдов в шума сам, сред густеж темен.

А таа шума, дива, чуден кат,
зарастена во трње, в буеж сета,
сред срце раѓа спомен, страв и лад.

                              Погорчлива одвај смртта клета!
Но за блаженството што сум го пил
ќе раскажам за с што таму сретнав.

А како, кога патот ми се скрил
-јас не знам, ништо не можам да речам:
од сонот мора пијан да сум бил.

Штом почнав долгот тихо да го сечам,
во душата го сетив стравот сал.
А потем, по ред почнав да се влечам.

Јас кренав поглед, видов: сонце-ал
огреало во таа рана зора
врз плеќите на ридот стрмен мал.

Со жар ги прсна лачите сред гора...
И стравот, што во крвта стана мраз
го сетив како топи своја кора.

И како патник што во еден час
- од бура спасен – гледа в браној бесни,
со кои водел бој за својот спас,
јас така запрев, и сред спили тесни,
во кои демне само грозна смрт,
с уште в трепет – кренав очи лесни

Одвај што смекна в гради камен тврд
и штом на стравот крајот му го видов
зачекорив јас пак по стрмен срт.

Сал чекор – два: одненадеж под ридот
се јави пантер: шарен, стрвост полн;
ме гледа, не ме испушта од видот...


Испреплашен од sверот толку зол
што одеднаш пред патот му се згоди
-         си реков: да се вратам в дол.

Се зореше. И сонцето се роди,
капејќи sвезди ко во денот прв
во кој за првпат почна да ги води

низ мракот кај што хаос стасал врв.
Со стрелките се расфла, и веќе
небесата се капеа во крв.

Тој сладок час и она мило цвеќе,
и погледот на пролетта во сјај
пак надеж родија во мене среќен.

За кратко. Одеднаш во овој крај,
од гладот мачен, суров лав ме сретна...
пак страв сред срце почна да се таи.

Тој погледот од мене не го сметна
се наежил до ужас тука сет
и видов кога в очи жар му светна.

Исушена од злоба и од жед,
ненаситна сред луквост што скрила
-         и волчица јас видов сиот блед.

Во мене поглед страшно беше впила,
Да тргнам горе чинам смелост збрав,
но ниту надеж остана, ни сила...

Пред Волчица, пред Пантер и пред Лав,
пред обрачот што одеднаш ме стегна,
јас отстапив, со срце полно страв.

И в душа очај повторно ме жегна:
,,Та нема ли да стасам горе – рид?”
Со срце кај што плач и тага легна,
ко трговец што губи очен вид,
по она силно благо свое пека ,
-         јас така тргнав сам, од сешто сит

И дури в темна гора чудо чекав
пред мене човек никна, чии дни
изгаснале пред којзнај колку века!

-         ,,Дал призрак си ил’човек жив, еј ти!’’
-         викајќи колку глас ме држи реков:
-         ,,спас дај од стравот срце што ми сви!’’

-         ,,Јас живеев пред многу, многу векој,-
го слушнав гласот негов толку мек:
-         в Мантова, и од познат род на секој.

јас живеев со оној славен ек
што Јулие го разнесе по светов;
Тој век на лажни божества бил век.

Поет јас бев; во песни јас го сплетов
на Анхиз синот, којшто Илион
го напушти сред час со срце клето.

Но, зошто пак се вракаш ти со стон
и не врвиш по ридот?’’ – потем рече:
- ,,Да, многу радост ќе ти пружи он!’’

-         ,,Вергилиј, ти си? Оној певец вечен
од чие срце блика извор стар
од, речитост? ’’ – И сетив: срам ме пече!

-,, кај кој поет не си вивнал жар?
За мојата љубов спрема твојте стихој
- помогни ми, о подај рака бар!

Ги учев нив, и минел живот тихо;
па ако в стих мој некој нашол сласт
- заслугата е твоја и на твојте стихој.

Погледај го тој здивен sвер за час!
Од сттравот силен в гради срце зајде
и папсаав сиот јас во нивна власт.’’

- ,, За спас од злото коешто го најде, -
- Вергилиј рече штом ме виде блед, -
по друг пат тргни, таму спас ќе најдеш.

Тој sвер што сторил маж од тебе клет
не остава да стапнат луѓе живи
во каков што е само негов свет.

По жртви кутри искрат очи диви
и нова крв му мами дрско страв
што само уште повеќе го здиви

Со други sверој сојуз бара прв
и само ново зло од тоа твори;
во секој сон го дразни само крв.

За спас на светот, скоро ќе се бори
со него негов враг сред занес врел.
Врз Фелтро таа
ртка ќе се створи.


Ќе сее љубов сал, по светов бел.
Италија ќе крене гордо глава,
напоена со крв од синот смел.

Ќе најде мир. А sверот зол со страва
ќе избега дур не падне сред ад
од кај што завист и на свет го јава.

На ова место цари само глад.
Но, следи ме, ти зашто уште стоиш?
Раскажи ми за твојот голем јад!

Длабочини ќе минеме, во кои
ќе чуеш само вечен, горчлив плач:
и кај што духот горд, за злини свои

во смртта негова сега бара слач.
Не еден ти ќе видиш што се борел
и в борба лута барал светол лач

со надеж дека, може, таму горе
по божја милост ќе му згрее час
кој од него сал праведник ќе стоел.

Ти сакаш ли да чуеш рајски глас
и Рај да видиш кај што нема бреме?
На патот светол ќе те предам јас

кај чиста рака тебе ќе те земе...
Јас уште ликот божји не го знам
бидејќи уште сум во катот темен.

Не чувствувам во гради негов плам,
ни смеам, пак, да мислам да ми дари!
Во блесок таму божјиот е храм,

палатите од кој вечно цари
над Семирот, над светот широк сет,
над кои божја слава милост жари...

- ,,Во името на овој Господ свет
ти води ме низ царството на мрака
- да видам таму с
од ред до ред!

Доведи ме до таа светлост јака
пред портите на свети Петар сед
и кај што души трпат јад и мака!’’

                             Toј тргна тихо. И јас тргнав в блед.






„Пеколот“
Воведната песна

                        Поетот раскажува како на средина од својот живот се загубил во огромна и темна шума. Единствен спас била светлината на еден рид во далечината. Патот кон ридот му го попречиле 3 ѕвера : пантер, лав и волчица. Како спасител се појавил римскиот поет Вергилиј, испратен од Беатриче, за да го води низ пеколот.


1. Симболика:

  • шумата – земниот живот полн со грешки, заблуди, беспаќа (1/2 од 70 г.=35 г.)
  • ридот - совршенство, спокојство и душевен мир
  • 3-те животни:
         (човечките слабости)
                             пантер – лакомост, завист, сладострасност (грев од младоста)
                  лав - горделивост, жед за власт  (грев од зрелоста)
                  волчица – алчност, среброљубие

  • Вергилиј - мудрост, разум
  • Беатриче – совршенство, убавина, добрина, љубов, верба, идеал


2. Низ „Пеколот“ и „Чистилиштето“ го води Вергилиј, а низ „Рајот“ Данте го води Беатриче
* Оттука започнува „прошетката“ на живиот Данте низ пеколот