Monday, December 2, 2013

Теми за истражување

Почитувани ученици,

Подолу ќе ги наведам темите за кои ќе треба да направите истражување и да презентирате финален производ од истражувањето во форма на извештај, power point презентација, аудио или видео запис исл.
Презентацијата на вашите трудови ќе биде на 11.12.2013 година.

За полесно да ја извршите задачата, следете ги наведените чекори:

1. Анализирајте ја задачата и направете акционен план,
2. Поставете си временска рамка за извршување на обврските,
3. Поделете ги обврските на членовите од групата,
4.Одредете ги изворите на информациите кои ви се потребни за успешно да одговорите на темата,
5.Соберете податоци,
6.Анализирајте ги и селектирајте ги податоците,
7.Доколку ви недостигаат податоци, вратете се на чекор пет,
8.Изработете ја презентацијата во форма која сте ја предвиделе и почитувајте го дадениот рок,
9. Презентација на истражуваното.

Се надевам дека ако ги следите овие чекори, успешно и лесно ќе ја извршите зададената обврска.

ТЕМИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ

1.Дали и колку употребата на дијалектите ја потиснува употребата на литературниот јазик?
2.Колку често се употребува литературниот јазик во јавните установи?
3.Дали употребата на дијалекти му штети на литературниот јазик?
4.Дали социјалниот статус на граѓаните влијае врз нивната употреба или неупотреба на дијалекти?
5.Дали образованието на поединецот влијае врз неговата лексика?
6.Колку медиумите го негуваат литературниот јазик?
7. Колку возраста влијае врз употребата или неупотебувањето на литературниот јазик?
8. Колку често се користи дијалектниот израз во современата македонска литература?
9.Дали лексиката што ја користи поединецот влијае врз формирањето на неговиот статус во општеството?
10. Колку местото на живеење влијае врз употребата на литературниот јазик или дијалектите?

Ви посакувам успешна работа!

Friday, October 25, 2013

Антон Павлович Чехов

Љубовта помеѓу Чехов и Олга е една од најромантичните во историјата. Иако ретко биле заедно, нивната врска е цврста и искрена. Писмата кои си ги пишуваат еден на друг сведочат за нежноста, љубовта и поддршката што тие ја негуваат еден кон друг.
На 02.07.1904 година, Чехов умира од срцев удар, но не умира со него љубовта од Олга. Таа продолжува да му пишува со ист жар.





Москва, 19 август 1904.
Најпосле можам да ти се јавам, драг мој, далечен, па сепак толку близок, Антоне мој! Каде си сега – не знам. Денес стигнав во Москва и го посетив твојот гроб... Колку е убаво на гробот, кога само би знаел! По замрениот југ, овде се ми изгледа бујно и ароматично. Се чувствува мирисот на земја и зеленило, дрвјата шумолат нежно.
Не можам да се помирам со фактот дека веќе не си жив. Имам толку многу да ти пишувам, да ти раскажувам за се она што го проживеав последните денови од твојата болест. Чудно е што ти пишувам, ама јас тоа го сакам, безумно го сакам. И додека ти пишувам, чинам жив си некаде и го чекаш моето писмо. Душичке моја, мил мој, срце мое, дозволи ми да ти кажам што чувствувам, дозволи ми да ти ја помилувам твојата мека свиленкаста коса, дозволи ми да погледнам во твоите добри, сјајни и мили очи.
Би сакала да знам дали знаеше дека заминуваш од овој живот! Чинам претчувствуваше, можеби нејасно, но сепак претчувствуваше...
 

Thursday, October 24, 2013

ПРВА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК



ПРВА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК


ПРВА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК



           


ШТО ЌЕ СЕ ОЦЕНУВА?

-         Примена на стекнати знаења за пишување текст и стилски фигури (компарација, метафора)
-         Стилот на составот (сликовит, емоционален, музикален: поткрепен со лични сознанија и лирски мисли)
-         Организацја на идеите и структурата
-         Содржината на напишаното
-         Изгледот (ракопис, правопис)
-         Разновидноста и соодветноста на јазикот што се користи (избор на зборови)
-         Свесноста за читачката публика (убедливост)
-         Течност на реченицата
-         Интересност – што би можело да биде интересно за публиката



Наставник по македонски јазик,
Габриела Петроска

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ЕСЕЈ



КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ЕСЕЈ  ( состав )
Што се оценува
Начин на бодување
1. Запазена еформа на есеј
Да
(вовед, главендел, заклучок ) -3 бода
делумно
(нема едно од трите) -2 бода
доволно
( нема две од трите ) – 1 бод
недоволно
(нема ниту еден издвоен дел) - 0 бодови
2. параграф е мислена целина
Да
(сите) – 3 бода
делумно
( два) - 2 бода
доволно
(еден) - 1 бод
недоволно
ниту еден - 0 бодови
3. запазен зборовен фонд
да
(нема грашки ) – 3 бода
делумно
( 1 - 2 грешки ) - 2 бода
доволно
(3 - 4 грешки ) - 1 бод
недоволно
(5 грешки и повеќе) - 0 бодови
4. граматика (синтакса)
Добро
1 -2 грешки, небитни, не влијаатна смисла -3 бода
делумно добро
1 - 3 грешки, важни,влијаат на смисла – 2 бода
доволно
од 4 - 6 грешки, важни,влијаат на смисла - 1 бод
недоволно
(над 6 грешки) - 0 бодови

5. правопис
Добро
1 -2 грешки, небитни, не влијаатна смисла -3 бода
делумно добро
(1-2 грешки но гоменуваат значењето назборот ) - 2 бода
доволно
( од 3 - 6 грешки коивлијаат на значењето назборот) - 1 бод
недоволно
(над 6 грешки) - 0 бодови

6.запазена тема
Да
(Сите параграфи се однесуваат на темата) – 3 бода
Делумно
(Еден од параграфите не се однесува на темата) – 2 бода
Доволно
(два од трите параграфи не се однесуваат на темата) – 1 бод
Недоволно
(ниту еден од параграфите не се однесува на темата) – 0 бодови